Во изјава за ТВ Канал 5 во Хаг, во коментар за oднесувањето на официјална Софија во контекст на евроинтеграциите на државата нагласи дека дијалогот останува единствениот пат кон стабилизација на Западен Балкан.Според Муцунски, постапките на Бугарија во последните недели и месеци се дел од наратив чија цел е дестабилизација на Балканот.
– Како можеме да ги надминеме предизвиците и да работиме за стабилизација на Западен Балкан? Секако – преку дијалог, рече Муцунски.Изрази жалење што, како што рече, според последните информации, средба на маргините на НАТО-Самитот во Хаг веројатно нема да се одржи.
– Јавно порачувам: Владата е подготвена за средби на секое ниво – претседател со претседател, премиер со премиер, министер со министер. Така и ќе продолжиме да се однесуваме, нагласи министерот.Муцунски говореше и за очекувањата од Самитот во Хаг, каде што фокусот ќе биде на случувањата помеѓу Русија и Украина, безбедносната состојба на Блискиот Исток и другите глобални безбедносни предизвици.
– За да имате сериозни инвестиции во одвраќањето, вие морате да инвестирате прво во модернизација на армијата, во модернизација на различни капацитети – и инфраструктурни и во делот на сајберот – но исто така и во соодветна инвестиција во индустријализацијата. Тоа значи инвестирање во нови, домашни, наши македонски капацитети за производство. И во таа насока токму овие одлуки ќе ги поддржиме на овој самит и очекуваме консензус да се постигне веќе утре тука во Хаг, рече Муцунски.