Израелската воена кампања против Иран не е завршена и претстојат уште операции, но засега Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе се фокусираат на борбите во Појасот Газа, изјави началникот на Генералштабот на Израел, генерал-потполковник Ејал Замир.„Завршивме важна фаза, но кампањата против Иран не е завршена. Влегуваме во нова фаза на надградба на тоа што е постигнато досега“, наведува Замир во соопштение објавено од прес-службата на армијата.
Тој ја пофали целата израелска армија и сите вклучени во операциите против Иран.
„Ја вративме нуклеарната програма на Иран години наназад, истото важи и за неговата ракетна програма. Сега фокусот на нашето внимание се враќа на Газа – на враќање на заложниците дома и уништување на режимот на Хамас“, рече началникот на израелскиот Генералштаб