Палестинската самоуправа, со седиште во Рамала, денеска повика прекинот на огнот постигнат меѓу Иран и Израел да се прошири и на конфликтите во Појасот Газа.
Во соопштението од канцеларијата на претседателот Махмуд Абас, објавено од официјалната новинска агенција Вафа, се изразува поддршка за напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување прекин на огнот.
„Палестинското претседателство го поздравува објавувањето на договорот за прекин на огнот од страна на претседателот Трамп. Бараме овој чекор да се заврши со воспоставување прекин на огнот што ќе го вклучи и Појасот Газа“, се вели во соопштението.Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека прекинот на огнот е на сила меѓу Израел и Иран и дека сите израелски авиони што се упатуваат кон Иран ќе „се свртат и ќе се вратат дома“.Тој им рече на новинарите во Белата куќа дека е „многу незадоволен“ и од Израел и од Иран по повеќекратните тврдења за прекршување на прекинот на огнот утрово.