Собраниската седница денеска беше одложена за еден час, откако пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, реагираше поради повеќемесечното одбивање на генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, да ѝ достави одговор на пратеничката Јована Мојсоска, за тоа кој пратеник колку средства зел за патни трошоци и кирии.
Апасиев во своето процедурално обраќање ги цитираше членовите од Деловникот, обвинувајќи ги собраниските служби дека постапуваат селективно и нетранспарентно, под влијание на власта и претседателот на Собранието, Африм Гаши.
„Фасцинантна е вашата креативност кога сте на власт, кога треба нешто да заташкате, со таа неизживеана колективна сатисфакција дека, ете „ви се може” да ги зафркавате пратениците. Што мислите? Дека нема да дознаеме дека во изминативе 15 години ДПМНЕ зело четири милиони евра за патни трошоци? Дека СДСМ има два милиони евра? Дека ДУИ има 700 илјади евра?” велат од Левица.
Од Левица велат дека сомневањата дека пратениците паралелно, злоупотребувајќи ја функцијата, земале и средства за патни трошоци и за кирии – станува сѐ пооснован поради ваквото игнорирање и недоставување на одговор на прашањето и повикот за транспарентност