Ко-претседателката на ДОМ посочи дека е неопходно да се промени начинот на кој што политички се дејствува во Македонија и да се излезе од матрицата на двете големи партии.
„Политичкото дејствување мора да се приближи кон граѓаните, практично тие да се вклучени во одлучувањето, тоа е основата на демократијата. Многу време зборувавме за тоа во партијата“, рече д-р Угринска и додаде дека ДОМ е единствената политичка партија во која нема концентрација на моќ, партија која е организирана и раководена од четворица ко-претседатели.
„Партијата е отворена за сите граѓани кои имаат интерес за политичко дејствување, но сепак тоа дејствување треба да е во согласност со нашата основна идеологија и политика. ДОМ има една конзистентна политика и програма и идеологија на тие зелени политики“, порача ко-претседателката на ДОМ, д-р Ана Угринска. Во услови кога прагот за собирање потписи за кандидирање на независните советнички листи е еден од највисоките во Европа, зелената партија ДОМ е првата партија која директно ги повика граѓанските активисти и организации да се приклучат и заеднички да го освојат просторот за дејствување на локално ниво.