Стотици Иранци се собраа во главниот град Техеран за да го прослават објавувањето на прекинот на огнот со Израел по 12 дена конфликт.
Граѓаните го прославуваат договорот за прекин на огнот меѓу Иран и Израел со собирање на Плоштадот на револуцијата во иранскиот главен град Техеран. Тие носеа ирански знамиња и извикуваа слогани против САД и Израел.Американскиот претседател Доналд Трамп утрово објави дека прекинот на огнот меѓу Иран и Израел е стапен во сила, повикувајќи ги двете страни да го почитуваат.
„Прекинот на огнот сега е во сила. Ве молам, не го кршете“, рече Трамп.
Сепак, по извештаите за прекршување на примирјето меѓу Иран и Израел, Трамп изрази незадоволство од Израел, велејќи дека и Тел Авив и Техеран го прекршиле договорот за прекин на огнот.Нападите на САД беа најновата ескалација во израелската воена офанзива против Иран што започна на 13 јуни, што го поттикна Техеран да започне одмазда против Израел.
Израелските власти соопштија дека најмалку 25 лица се убиени, а стотици се повредени во иранските ракетни напади оттогаш.Во Иран, најмалку 430 лица се убиени, а повеќе од 3.500 се повредени во израелските напади, според иранското Министерство за здравство.