Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека добил повик од рускиот претседател Владимир Путин кој му понудил помош во врска со решавање на конфликтот меѓу Израел и Иран, пренесува „Фокс њуз“.„Како што знаете, се јави Владимир. Ме праша дали може да ни помогне со Иран? – Му реков „не, не ни треба помош со Иран, ни треба помош со вас“. И се надевам дека ќе постигнеме договор со Русија. Шест илјади војници загинаа минатата недела“, изјави Трамп во пресрет на самитот на НАТО во Хаг.Хаг е домаќин на самитот на НАТО на кој претседателот на САД треба да се состане со неговиот украински колега Володимир Зеленски.
Трамп повтори дека „сака да види договор со Русија“. Москва од почетокот на војната во Украина ги продлабочи политичките и воени врски со Техеран, Иран ѝ испорача стотици илјади јуришни дронови на Русија од типот Шахед и балистички ракети од краток дострел.Инаку, Русија ја изгради иранската нуклеарна централа Бушер на југот на земјата и понатаму учествува во нејзино одржување. Путин во текот на минатата недела објави дека во централата моментно има околу 200 руски стручњаци и се заблагодари на Израел што се согласи да ја гарантира нивната безбедност.