Виде Европа колку тие политичари за истата таква работа едно зборуваат, а за друга таква работа друго зборуваат. За жал, јас се плашам дека на дел од тие политичари ќе им се стави знак на равенство – руската политика и тоа што руската политика го прави во Украина, односно обид да се спречи интегрирањето на оваа, би рекол, малубројна држава во рамките на ЕУ – рече Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска писмото на бугарскиот претседател Румен Радев до раководителите на европските институции и на земјите-членки на ЕУ во однос на извештајот на известувачот за Македонија, Томас Вајц, кој вчера беше усвоен во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), како и изјавата на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, дека ништо фатално не се случило вчера, ги оцени како изјави за домашна употреба.
– Тоа се изјави на бугарските политичари за домашна употреба. И тоа е разбирливо. Ме прашавте дали е мала победа. Не, за мене е големо разочарување. Затоа што вчера сведочевме како во главниот град на Европа, Брисел, имаше обид од одредени европарламентарци да се креира нова нација и нов јазик во 21 век во Европа. Тоа што тие истите обвинуваат дека Русија прави во Украина со негирање на идентитетот на Украинците, јазикот, вчера одредени европарламентарци се обидоа да му го направат на овој малоуброен македонски народ, да креираат модерна македонска нација која што се служи со модерен македонски јазик. Во прва фаза тоа не помина – изјави Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за писмото на Радев и изјавата на Борисов, по посетата на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.
Премиерот нагласи дека она што му претставува задоволство е што граѓаните можеле да видат дека ниту идентитетот не е бетониран, ниту јазикот е бетониран, за што, како што рече „одредени измамници во политика не убедуваа изминативе три години, без разлика дали се од тука или од надвор“.
– Сето она што го зборувавме од самиот почеток, вчера се потврди во неколку минути. Не е проблем Бугари во Устав, проблемот е нешто друго, а тоа е македонскиот идентитет и македонскиот мајчин јазик. Тоа е суштината на проблемот – нагласи Мицкоски.
Тој додаде дека македонската страна не бара никакви измени, туку само Бугарија да го почитува тоа што е факт, тоа што го потпишала, односно Резолуција за заштита на човековите права.
– Што подразбира тоа. Сите пресуди коишто доаѓаат од Стразбур, а се однесуваат на заштита на човековите права, на македонската заедница во Бугарија, признавање на ОМО Илинден Пирин, аплицирање на тие пресуди, дозволување ОМО Илинден Пирин да функционира како правен субјект и македонски претставник во Министерскиот совет за малцински права. Тоа е тоа. Ако заслужиле таму место другите малцинства во Бугарија, заслужува и малцинството коешто според пописот во 56-та година од минатиот век е убедливо најбројното малцинство со тогашни 200.000 попишани граѓани во тогашна Западна Бугарија – рече Мицкоски.
За очекувањата од седницата на Европскиот парламент, на чиј дневен ред ќе биде извештајот на Вајц, а која треба да се одржи меѓу 7 и 11 јули, Мицкоски рече дека ќе продолжат да се борат.
– Ние ќе се бориме. Јас реков не знам дали ќе успееме и на пленарната. Ако таму се договорат мнозинството пратеници дека треба да помине тој амандман, претпоставувам дека можеби ќе помине, тоа што тие го предвидуваат. Но важно вие видовте, виде Европа колку некои политичари се лицемерени. Виде Европа колку тие политичари за истата таква работа едно зборуваат, а за друга таква работа друго зборуваат. За жал, јас се плашам дека на дел од тие политичари ќе им се стави знак на равенство – руската политика и тоа што руската политика го прави во Украина, односно обид да се спречи интегрирањето на оваа, би рекол, малубројна држава во рамките на ЕУ – рече Мицкоски.
Тој нагласи оти е убеден дека сме фронтранери во регионот и оти ако имаме шанса да почнеме преговори, тие би завршиле за три до четири години, но како Македонци, со македонски идентитет, македонски јазик, а не видоеизменети модерни Македонци, со модерен македонски идентитет и модерен македонски јазик.Импичмент нема да ги пополни браните или фрижидерите на луѓето, ниту ќе ги зголеми пензиите, туку најмногу ќе ги наполни плоштадите и ќе доведе до дефинитивен колапс на Владата, изјави бугарс
Бугарскиот претседател Радев испратил писмо до раководителите на европските институции и на земјите-членки на ЕУ по усвоениот Извештајот од АФЕТ за напредокот на Македонија во процесот на европска интеграција. Во текстот што го објави претседателската прес-служба, Радев наведува дека од почеток случајот со тој извештај предизвикал бран на негодување и критики во Бугарија. Како загрижувачки го оцени тоа што ЕП се изјаснувал за категории како што се „идентитет“ и „јазик“, а околностите околу подготовката на извештајот ги оцени како вознемирувачки.
„Бугарија останува посветена на сите елементи од европскиот консензус од 2022 година, чија имплементација е единствената можност за европска интеграција на нашиот југозападен сосед. Досегашните обиди да се мотивираат властите во Скопјe преку отстапки од тој консензус, не водат кон посакуваниот резултат. Напротив, властите во Скопјe сè поотворено демонстрираат дека нема да се придржуваат кон овој тешко постигнат компромис, прифатен и од РСМ, што значи дека всушност немаат намера да ја реализираат европската интеграција на земјата. Бугарија нема да прифати замена за тешко постигнатиот европски компромис. Правата на Бугарите во РСМ не можат да бидат предмет на политички договори. Зајакнувањето на довербата во европските институции, особено во време на криза, е наша заедничка должност и сметам на вашата соработка за тоа“, напиша Радев.
Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент вчера со 40 гласови „за“, 19 „против“ и 10 „воздржани“ го усвои Предлог-извештајот за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц. По гласањето бугарски европратеник најави дека како додаток на Извештајот ќе предложат дополнение со „мислење на малцинството“.
Пратеничката група на Европската народна партија претходно поднесе амандман по скратена постапка за вметнување на зборот „современ“ пред македонски јазик и идентитет во Извештајот, но согласно Деловникот за работа, тој не беше ставен на гласање затоа што против таквиот предлог се изјаснија најмалку шест пратеници членови на АФЕТ.
Мицкоски вчера во врска со предложените амандмани појасни дека не е точно дека тие се предложени само од Европската народна партија (ЕНП), туку дека тоа било здружен предлог од четири групи во Европскиот парламент, ЕНП, социјалдемократите, либералите, зелените.