На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ која се одржа во Прилеп, се обрати и Елена Петрова, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, која се фокусираше на тоа што е направено во насока да се дојде до поголема стабилност на јавните приходи, за проектите кои се однесуваат на дигитализацијата во УЈП, но и за тоа кои мерки донесоа забележлив ефект во сузбивањето на сивата економија.
„ Нашите политики, политиките на Владата се сосема различни, нашиот пристап нашата определба е политика која не треба да го зголемува даночниот товар врз чесните даночни обврзници, туку борба против даночната евазија, особено се посветивме на проверките и контролите на повратот на ДДВ и спречување на злоупотребите на кај повратот на ДДВ, со ова обезбедивме заштита на средства од буџетот, заштита на неосновано одлевање на средства од буџетот околу 9 милиони евра. Конкретни резултати од борбата против даночната евазија и сивата економија, значи да градиме систем кој ќе оневозможува даночни избегнувања и евазија на данокот, тоа значи создавање на систем во кој ќе градиме доверба со компаниите и граѓаните како даночни обврзници“, вели Петрова.
Петрова исто така истакна дека дигитализацијата е клучна во борбата против даночната евазија и сивата економија, односно технолошките промени и можности го овозможуваат напредокот и развојот на економијата.
Во УЈП почнавме со комплетни проекти кои се однесуваат на дигитализацијата, и воспоставување на нов ИТ систем, во оваа измината година тимски во УЈП направивме направивме целосна документација за најголем дел од компонентите на нов ИТ систем што го вклучува и системот на е-фактура, во суштина тоа ќе придонесе до огромни и големи придобивки. Дигитализацијата е всушност патот на создавање на она што треба да го постигнеме праведно оданочување, тоа е начинот на којшто ние многу побргу ќе може да се бориме против даночната евазија и сивата економија, токму технолошките промени и искористувањето на сите технолошки можности што ги дава денешното време всушност не носат и го овозможуваат напредокот и развојот на економијата и овозможуваат да создадеме еден правичен систем и економија која ќе работи за сите а не само за некои привилигирани поединци“, рече Петрова.