На денешната трибина на тема „Економски раст и дигитална трансформација“ се обрати членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски, кој дискутираше за националниот портал uslugi.gov.mk кој доби нов лик со доаѓањето на новата Власт, за достапноста на услугите и нивната користеност од страна на граѓаните.На самиот почеток Андоновски истакна дека економијата и дигитализацијата се поврзани со тоа што дигитализацијата и служи на државата на три начини, овозможува брзи и ефикасни услуги за граѓаните, ги поврзува компаниите и ја сузбива корупцијата.
„Дигитализацијата ја поврзуваме со економијата затоа што дигитализацијата и служи на економијата и треба да служи на економскиот раст на државата, и служи на државата на три основни начини прво, имаме брзи и ефикасни услуги и за граѓаните и за компаниите, второ ги поврзува компаниите и третиот дел ја сузбива корупцијата“, рече Андоновски.Андоновски објасни дека ова министерство било заборавено во последните седум години и дека сега националниот портал uslugi.gov.mk ги нуди сите услуги преку кои граѓаните можат да ги добијат сите потребни документи.
„Оваа министерство беше заборавено последниве седум години, не почнавме од нула почнавме од минус, ова министерство почнува сеќавајќи се на последниот проект којшто го има реализирано, компјутер за секое дете, тоа е последниот проект на оваа министерство, коешто некој воопшто го памти. Сега во моментов националниот портал uslugi.gov.mk е нашиот прв шалтер нудејќи ги сите услуги и претставувајќи го ова министерство со амбиција да ја претставува државата, да можете секоја услуга во државата да ја добиете на тој портал“, посочи Андоновски.
Андоновски истакна рече дека основните потребни услуги на граѓаните можат да се добијат преку овој портал и дека Владата прави се за да се справи со корупцијата, како и да ги оствари сите полесни и поефикасни услуги за граѓаните.„Добивате извод од матична книга на родени на порталот, добивате уверение за државјанство на порталот, сите потврди за неосудуваност се достапни на порталот сите услуги на катастарот, нашата амбиција е најкористените услуги за граѓаните да бидат достапни на порталот. Тоа е начинот на којшто сузбиваме корупција, се бориме за полесни и поефикасни услуги за граѓаните и начинот на којшто им помагаме и на бизнис секторот“, дециден е Андоновски.