СДСМ и Венко Филипче ја злоупотребуваат трагедијата во Кочани за ситни политички поени, обвини Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Само СДСМ може да користи трагедија како таа во Кочани за политички калкулации. Некрофилијата на СДСМ оди до таму што ја подгреваат атмосферата од Советот на општина Кочани преку нивниот тепач, до јавниот настап на нивните функционери и прекиот суд на прес-конференции. СДСМ и Венко Филипче имаат за цел дестабилизација на состојбата во Кочани, создавање на хаос и ширење на силна омраза помеѓу луѓето“. СДСМ и Венко Филипче се тргнати да градат сопствена среќа на туѓа несреќа и тоа народот го гледа и ќе го казни. Ниту во Кочани, ниту било каде во Македонија народот им верува на СДСМ и Филипче. И веќе многу лесно им ги чита мотивите – порача Мицевски.