Во замена за испраќање артилериска муниција и ракети во Русија, Пјонгјанг веројатно ќе биде награден со техничка обука за лансирање сателити и обука за системи за водење ракети, рече пратеникот Ли Сеонг Квен, повикувајќи се на Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја.
Националната разузнавачка служба (НИС) на Јужна Кореја верува дека Русија се подготвува за голем напад врз Украина во јули и август, изјави пратеникот Ли Сеонг Квен за новинарите, пренесе Ројтерс.Северна Кореја би можела да распореди дополнителни војници во јули и август за да им помогне на руските сили во војната во Украина, додека Пјонгјанг продолжува да ја снабдува Москва со оружје, изјавија денеска јужнокорејските пратеници, повикувајќи се на извештај на разузнавачката агенција.
Службата НИС потсетува дека висок руски безбедносен функционер неодамна го посетил Пјонгјанг и дека Северна Кореја подготвила нова група војници што ќе бидат испратени во Русија.Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Сергеј Шојгу, ја посети Северна Кореја на 17 јуни.По месеци молчење, и Северна Кореја и Русија го признаа распоредувањето на севернокорејските трупи и улогата што тие ја играа во руската офанзива против Украина за повторно заземање на Курската област.
Минатиот јуни, лидерите на Русија и Северна Кореја потпишаа договор за соработка што вклучува договор за меѓусебна одбрана.Во замена за испраќање артилериска муниција и ракети во Русија, Пјонгјанг веројатно ќе биде награден со техничка обука за лансирање сателити и обука за системи за водење ракети, рече Ли, повикувајќи се на НИС.