Уште посериозно, од синдикатот тврдат дека Министерството телефонски дава незаконски насоки до директорите за пресметка на платите, при што не постои никаква писмена потврда, а на барањата за документација се добиваат закани – дека вработените „нема да земат плата со месеци“.
„Со тоа не само што се крши правото на плата, туку се загрозува и правото на здравствено осигурување по 30 јуни“, предупредуваат од синдикатот.СКРМ го повика Министерството веднаш да ги исплати платите во согласност со важечките одлуки и договори, нагласувајќи дека обврската за законитост на исплатите не е на Министерството за финансии, туку исклучиво на Министерството за култура и директорите на институциите.