Министерството за финансии немало комуникација со ниту една банка во врска со пругата од Коридорот 10, изјави вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма рече дека има интерес од банките до кои е доставено барање за понуда за финансирање на пругата.
– ЕБРД се јавија, пројавија интерес за проектот. Дали ќе одат сами или со конзорциум, не можам да знам сега. Штом стигнуваат прашања, значи има интерес, рече Димитриеска-Кочоска. Според Димитриеска-Кочоска, било фер што барањето за понуда е испратено до сите банки.
– Се обративме до 22 банки, а уште две банки дополнително побараа да им доставиме понуда бидејќи биле заинтересирани да настапат како конзорциуми, рече Димитриеска-Кочоска.