Одлуката на Уставниот суд го потврдува она што ние во ВЛЕН го кажува долго време – дека последниот попис на населението, предводен од тогашната влада на ДУИ – СДСМ, беше една од најштетните и навредливи акции за албанската дијаспора, се вели во партиското соопштение на владејачката партија ВЛЕН.
Од таму велат дека претходната влада, преку Заводот за статистика и во целосна координација со политичките структури на ДУИ, ги создаде категориите “резидентно население“ и “нерезидентно население“, со што иселениците биле третирани како граѓани од втор ред. Со тоа, велат од партијата била минимизирана вистинската тежина на Албанците во државата.
„Ова беше обид да се поништи придонесот и политичката тежина на албанската дијаспора, за ситни партиски интереси. Во очаен обид да ги измијат рацете од одговорност, ДУИ праќа свој пратеник за да ја брани неправдата што ѝ ја нанесе на албанската дијаспора, со разработени, но празни аргументи. Одлуката на Уставниот суд е победа за правото, победа за албанската дијаспора и доказ дека државата не може да се однесува арогантно кон своите граѓани. ВЛЕН е посветена на воспоставување на достоинството на албанската дијаспора, целосно вклучување во политичкиот и институционалниот живот и исправување на секоја неправда наследена од минатите влади“, се наведува во соопштението.