Демократската унија за интеграција остро реагира на како што наведува најновите обиди за делегитимирање на пописот на населението од 2021 година, велејќи дека е процес кој за прв пат по 2002 година, ги прикажа Албанците во државата со 29,5%, во споредба со 25,17% во 2002 година. Од ДУИ обвинувањата за незаконитост ги оценуваат како намерен обид да се прикрие срамната, неправедна и антиуставна одлука на оваа влада, за која велат дека без каков било политички легитимитет од Албанците, ја намалила процентуалната застапеност на Албанците на 24,3% преку исклучување на дијаспората од официјалните пресметки.
„Овој потег, веќе поништен како незаконит, не претставува само техничка или административна грешка, туку тежок политички акт со цел систематско намалување на застапеноста на Албанците, занемарувајќи го придонесот, присуството и правата на дијаспората. ДУИ потсетува дека оние што денес зборуваат за пописот од 2021 година, се истите што во 2024 година гласаа и го легализираа исклучувањето на над 300 илјади Албанци надвор од државата. Од 29,5% застапеност, со политички и дискриминаторски одлуки, процентот беше намален на 24,3% – што значи дури помалку и од резултатот на пописот од 2002 година. Доколку некој денес треба да сноси одговорност за манипулациите, тогаш тоа се функционерите на оваа влада и нивните албански соработници кои ги изгласаа и спроведоа одлуките што ги оштетуваат Албанците на директен и долгорочен начин“, се наведува во партиското соопштение.