Министерката за финании Гордана Димитриеска Кочоска на денешната прес-конференција рече дека е продолжен рокот на повикот упатен до меѓународните кредитори за финансирање на проектот за брзата железница.Министерката рече дека не е пристигната ниту една понуда досега, затоа што на овие меѓународни банки им е потребно време за анализа поради комплексноста на проектот.
– Интересот е многу голем. Ние испративме барање за финансирање до 22 финансиски меѓународни институции, но во меѓувреме се јавија уште две кои побараа понуда да се испрати до нив. Има многу прашања. Затоа го продолживме рокот до 7 јули 2025. Станува збор за еден комплексен проект. Ако гледаме од страна на банките, мора да има појаснувања за одредени работи кои ги бараат и ние сме во постојана комуникација, рече Димитриеска Кочоска.Министерството за финансии пред десетина дена испрати писма до банките со повик да достават понуди за финансирање на проектот за брза железница од Коридорот 10.