Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека мобилната апликација „MojDDV“ моментално е суспендирана. „Тимот на UJP интензивно работи на решавање на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физички лица, фискалните фактури можат да се скенираат во рок од 10 дена од денот на нивното издавање. Ова значи дека сите сметки кои се во овој рок ќе можат да се скенираат штом апликацијата повторно ќе биде ставена во функција.Ги молиме сите корисници за трпение и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, велат од УЈП.