Андреј Жерновски преку социјалните мрежи објави дека му прристигнуваат предупредувања да молчи и да си седи на страна.
„Џуџето” од Кичево и неговата партијаТолку требаше. Две учества на политички емисии, реална критика поради најслабите резултати на било која влада досега и… веднаш пристигнаа нападите од криминалната Бела палата.Не трпите критика, па тоа ти е. Ве боли? И треба да ве боли, бидејќи вистината за вашите катастрофални резултати е како шило. Ова со шилото е позајмен цитат, знаете многу добро од кого, така?И, да расчистиме уште на почетокот: не ми праќајте предупредувања преку мои “пријатели” дека е попаметно да си седам на страна и да молчам.
Па зарем реално мислите дека ќе ме уплашите?!? После целата наша долга и длабока релација, после трите круга и одлучувачкиот ваш пораз во Центар, мислите сега допрва дека ќе се загрижам? Дајте посериозно, момци.
И уште една молба, ако може. Не ми го пуштајте преку медиуми она “џуџето” од Кичево како претходница. Најдете друг, најдете почист лик. Овој е толку извалкан, толку процеси и афери има позади него, толку лаги и глупости кажано, да навистина ви се чудам на изборот. Па човекот е влезен во политика откако заврши основно училиште. Сте му кажале јавно да ме праша дали сум направил капитални објекти во мојата кариера. Гледам, имате амнезија. Доста прецизна дупка во меморијата, точно 4 години, но траумата од поразот си го направила своето. Во ред. Тогаш, да ве потсетам. Еве, само како мал пример, две фотографии. На горната е училиштето “Киро Глигоров”, кој објект се протега на површина од 12.100 м2 и дворна површина од 4.100 м2. Прво изградено училиште во Центар после 50 години. На долната фоторафија е градинката “Кочо Рацин“, кој објект се протега на површина од 2.800 м2. Прва изградена градинка во Центар после 42 години. А имавте три мандата по ред во општината. Не сакам да звучи нескромно, но и до ден денеска тоа се најмодерните објекти за таква намена во државата.
Тогаш во Центар се направија работи шти вие ниту претходно упеавте да ги направивте, ниту денеска можете да ги изградите.
Огромен број на реконструирани улици, паркови и плоштади. Субвенциите за велосипеди е наш проект, кој вие го напаѓавте од првиот ден, за да после само една година, прво Коце Трајановски, па потоа сите останати, го копиравте истиот. Бесплатниот паркинг за Центарци го ветивме и го реализиравме во тој мандат. Вриштевте, критукувавте, плашевте луѓе дека тоа финансиски ќе ја уништело општината. Така беше? Истото го правевте и за двете Боемски улици. Преку ден држевте прес конференци полни со критики, а навечер сите до еден одевте во тие ресторани.
Сето ова беше изградено со 0 денари поддршка од централната власт, која 4 години неуморно ни праќаше секакви видови на инспекции.
А сега редно е јас да прашам. Што има тој оставено позади себе? Неговите “капитални” проекти започнуваат кај источните комшии, за што сведочи сопственикот и уредник на бугарската новинска агенција Фокус, Красимир Узунов, кој кажува како дека одел на гробот на Тодор Александров, заедно со Ангел Џамбаски, и за време на тој патриотски престој спиел на таванот на ВМРО на Каракачанов, познатиот противник на Македонија. Во тоа време, се изјаснувал како Бугарин од Македонија и го веел бугарското знаме.
Откако замина Георгиевски од претседателста позиција на партијата, преку ноќ стана антички Македонец. Така налагаше политиката на новиот претседател, односно на Груевски. Помина и тоа, дојде нов претседател, па затоа денеска е македонски патриот. Прв во борбените редови во критиките кон оние чие знаме го вееше претходно. Дали има и нивен пасош, ќе дознаеме набрзо. Шилото работи.
А да, денеска е најголем Македонец, се колне во нашата кауза и во посебноста на македонскиот јазик и идентитет, живеејќи во пуста надеж дека сите ќе заборавиме како великанот Блаже Конески го нарече „џуџето од Небрегово“, само за да ја негира нашата самостојност.Ете, од такви квази патриоти си патиме низ целата македонска историја.
За останатите “капиталните” проекти во вид на судскот процес “Моќник” и начинот на кој се спаси, во некоја друга прилика.
Да завршам. Подгответе се за жестока битка, бидејќи граѓаните ја бараат и заслужуваат вистината. Им ветивте благосостојба и гордост, но по само година дена од апсолутна власт која ви ја дадоа, го направивте токму спротивното“, вели Жерновски.