Додека зборувал и го навредувал, таксистот не го погледнувал лицето додека тоа се обидувало лично да му се обрати и да разговара со него. Цело време им се обраќал на момците од неговата придружба, кои сведочат за настанот.Во претставката која ја поднело, лицето со церебрална парализа вели дека се нашло во состојба на силна вознемиреност и со крајно повредено достоинство.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по поднесување на претставката на 5 декември 2024, утврди директна дискриминација од пријавениот таксист врз лицето со церебрална парализа.Такси-компанијата веднаш презела мерки против вработениот дискриминатор на лица со попреченост. За мај годинава, кога била донесена одлуката на Комисијата, таксистот е казнет со 15 отсто од платата. Компанијата го исклучила 2 недели од возниот парк и тие нема да му бидат платени.„Се надеваат дека со ваквата одлука ќе обезбедат генерална и специјална превенција на идните такви случаи во компанијата и дека одлуката е доволна за морална сатисфакција на подносителот на претставката, за кого се надеваат дека ќе го задржат како клиент во иднина“, се вели во одлуката на КСЗД.