23.8 C
Скопје
29/06/2025 23:08
МАКТЕЛ

   

Српска „сачекуша“ ги сочека студентите во Белград

      

Анализира: Леон Бакрачески

Белградската вечер на Видовден се претвори во учебнички пример за она што познавачите на балканската политика го нарекуваат „српска сачекуша“ – збор што во колоквијалниот политички речник значи однапред подготвена заседа во која државата прво ја повикува јавноста на мир, а потоа, во прецизно избран миг, дозволува контролирана искра што ѝ овозможува легитимно да удри.

Вчерашниот протест заврши мирно околу 21 часот; токму во 21:44, кратко откако истече студентското „ултиматум-време“, на улица излегоа мали групи маскирани млади со факели, а жандармеријата веќе беше построена на клучните раскрсници. Неколку минути подоцна следуваа шок-бомби, пендреци и бројката од 77 уапсени лица

   

Во воен жаргон сачекуша е диригирана заседа: напаѓачот „чека“ на однапред позната рута, го пушта противникот во теснец и потоа го напаѓа. Во политичка употреба, терминот доби современа димензија по уличните судири во Белград од доцните деведесетти: Кога властите на Милошевиќ го моделираа сценариото така што протестот прво се толерира, а потоа, кога „анонимни хулигани“ ќе фрлат прв камен, полицијата добива алиби за брутална интервенција.

Од 2013 година наваму, кадровската пирамида во српската БИА, во Воено­безбедносната агенција и во полицијата се пополнува речиси исклучиво со лојални кадри на Српската напредна партија. Низ јавноста циркулира концептот „заробена држава“, институциите наместо да обезбедуваат јавен ред, стануваат продолжена рака на партиската врхушка. Независните центри за одбрана и безбедност одамна предупредија дека службите се искористени за партиски притисок, медиумски хајки и селективно насочување на истрагите, сценарио кое Македонија го гледаше но очигледно почнува повторно пак да го гледа, ценејќи како се одвива истрагата и постапката за пожарот во Кочани. Елем, кога службите се заробени, сценариото „сачекуша“ е полесно остварливо: оперативните наредби и јавниот наратив се пишуваат во ист кабинет.

Чекор по чекор деновите пред протестот изгледаа вака: Ден пред протестот, претседателот Вучиќ предупреди на „екстермисти“ што наводно планираат инциденти. Кога институциите предвреме ја знаат „саатницата на хаосот“, сосема оправдано се појавува сомневање дека истата ја оркестрираат.Следуваше пумпање на јавноста преку провладини медиуми и корисници на неброени милиони затскриена државна помош во кој прво се претставуваше протестот како однапред пропаднат а потоа се смени наративот во протест во кој се очекува са се убие српската држава преку насилство и насилно уривање на државниот поредок. И сето тоа ставено во прецизна временска рамка, со неверојатен притисок по сите можни социјални канали за создавање на ваков наратив.

На Видовденската поворка се појавија лица со шалови на навивачки групи, непознати во студентското јадро. Камерите снимија како поединци со бакли се пробиваат до првите редови, а потоа исчезнуваат зад полицискиот кордон во моментот кога почна примената на сила. Властите веднаш говореа за „насилни демонстранти“ и „професионални револуционери“, но не објавија листа со имиња. Ова се вклопува во добро познат модел од протестите во јули 2020, јануари 2022 и март 2025.

Дел од хулиганските групи кои ги видовме вчера се одржуваат финансиски во живот преку договори за обезбедување на државни стадиони, концесии и неказнети бизниси со дрога. Аферата со кланот на Беливук во 2021 покажа како врвот на полицијата обезбедувал логистика за криминални навивачи во замена за „услуги“ на улица.Ако целта на студентите беше брзо распуштање на парламентот, целта на власта е спротивна: да купи време до есенските локални избори и до критичните рокови за европски фондови. Во тој период власта треба да покаже „контрола“, а протестите треба да изгледаат како закана, не како демократски коректор. Хулиганите – вистински или лажни – се совршена алатка: креираат хаос доволно силен за да ги одврати граѓаните, но доволно ограничен за да не прерасне во неконтролирано востание.

Сепак не изостанува впечатокот дека службите убаво им подметнале на студентите надворешни фактори за да ги оправдаат своите долгорочни средства. На што се поставува следното логично прашање: Дали студентите ќе најдат модус операнди во кој ќе одиграат „второто полувреме“ пред полициските станици и низ универзитетските кампуси, каде насилната провокација се тешко сценарио!? И, можеби уште поважно прашање за оние кои се идентификуваат како пристојни граѓани на Србија, чија цел е нормален спокоен живот како во секоја Европска земја е дали ќе пронајдат начин го демаскираат моделот, пред да настапи согорување на протестната енергија.

Вучиќ веројатно ќе продолжи со двојна тактика: од една страна засилени кривични постапки против „организаторите на насилство“ и медиумска кампања што ги дисквалификува студентските лидери како радикали; од друга страна, дипломатска офанзива кон Брисел во која ќе го користи аргументот дека само неговата администрација гарантира стабилност. Законот за јавни собири би можел да се затегне, а безбедносниот апарат да добие пошироки овластувања за превентивни приведувања. Во исто време, властите ќе настојуваат да го раздробат протестното јадро преку внатрешни поделби, понуда на ограничени отстапки и таргетирано судење што ќе ја виси како закана над секој нов марш.

Студентите имаат неколку можни против-движења: прво, очигледна ненасилност и правна транспарентност—со објавување на сопствени „бели книги“ за полициска злоупотреба и инфилтрација, за да го неутрализираат официјалниот наратив за насилство; второ, широка коалиција со синдикати и професионални здруженија што може да воведе штрајкови и институционален притисок, наместо само уличен; трето, постојано меѓународно информирање—директни контакти со европски парламентарци и невладини мрежи за да се отежни „чистењето“ на протестите под радар; и конечно, внатрешна дисциплина: отфрлање на секој обид за провокација и јасен протокол за самоодбрана од „сачекуши“ со навивачки групи.

   

Најново

Кисела Вода славеше роденден со рекордна посетеност – Ѓорѓиевски: Ова е само увертира на она што следува

Sase Ivanovski

Пожар кај селото Јосифово, хеликоптер на МВР на помош на пожарникарите

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ВЕТУВА СТРОГА КАЗНА БЕЗ ПОМИЛУВАЊЕ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ Брнабиќ вели дека студентите повикале на граѓанска војна и на убивање на Србија

Sase Ivanovski

Јаневска: Ако сакате добра оценка, мора да учите

Sase Ivanovski

Димитриевски очекува победа во сите општини каде ЗНАМ ќе има кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ИЗЛЕГУВА ОД КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ На локалните избори ќе оди со владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Семеен ден во Парк „Македонија“ – дел од богатата програма на Културното лето во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ: Оставете не да си ја тераме нашата македонска работа, на македонски начин

Sase Ivanovski

Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците

Sase Ivanovski

ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ: Осврт кон настапот на Massive Attack на Skopje Calling 2025 – аудиовизуелна инјекција на совест и звук

Sase Ivanovski

Два, од трите ,,ер трактори”, се уште се на сервис, пензионираните двајца пилоти повторно ќе бидат во првата ,,борбена линија”

Sase Ivanovski

(Видео) Гори куќа во Кочани

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди-Македонија ќе стане земја што извезува електрична енергија, исплата на субвенции во земјоделството и нови инвестиции во Тетово

Sase Ivanovski

Шефот на руското разузнавање, Сергеј Наришкин, телефонски разговараше со шефот на ЦИА, Џон Ратклиф

Sase Ivanovski

Вучиќ паѓа, и ние со него?!

Sase Ivanovski

Орбан: Парадата на гордоста е одвратна и срамна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: СТРУМИЦА Е БУГАРСКИ ГРАД

Sase Ivanovski

МЗШВ: Продолжуваме со исплата на субвенции во земјоделството и инвестиции во сточарството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Кога би бил од богата фамилија никад не би се бавел со новинарство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС ГО ОБВИНИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ЗА ТЕЖОК КРИМИНАЛ

Sase Ivanovski

Кирил Џајковски приреди музички спектакл во НОБ: Емоции, овации и незаборавна вечер

Sase Ivanovski

Тошковски го отвори Европското првенство во џудо за кадети – потпишан и меморандум за разбирање за соработка и обука на полициските службеници

Sase Ivanovski

КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, АРХАНГЕЛ, МИЗАР, ФОЛТИН, ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ, САРС, ПАРКЕТИ НА Д ФЕСТИВАЛ: Славиме јубилејно 15. издание со СЛОБОДЕН ВЛЕЗ за целата тридневна програма на Д Фестивал 2025! Придружи ни се ОВОЈ ВИКЕНД, од 4 до 6 јули во Штип!

Sase Ivanovski

АЦО МЕЧКА СО ПОРАКА ДО ЛАТАС: Не сум нервозен, само сум разочаран оти те излизгаа! Пази се!

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ДЕМАНТИРА ДЕКА МУ НУДЕЛА МИТО НА ЛАТАС: Фарбаниов го знам само од телевизија!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Кога ќе и истече мандатот на Данела, ќе има ревизија на нејзината работа и можно е да заврши во затвор

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја укина забраната за испраќање мигранти во земји од кои не потекнуваат

Sase Ivanovski

Николова: Хаос со актите во образование, се бара училиштата да работат спротивно на Закон

Sase Ivanovski

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини

Sase Ivanovski

Судот во Стразбур ја казни Унгарија за колективно протерување на мигранти преку Србија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања, време е за промени и одговорно водство

Sase Ivanovski

Ослободен е македонскиот камионџија кој беше уапсен по несреќа кај Солун во која загинаа татко и син

Sase Ivanovski

Трипуновски: Владата е посветена кон подобрување на условите за земјоделците и  инвестира во поддршка на младиот земјоделски кадар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Сигурен сум дека ова не му е прво убиство на Палевски, дознавме дека планирал убиства на директорите на Гранит и Комерцијална Банка

Sase Ivanovski

Вучевска Петковска: Сашко Митовски е прочитана приказна во Крива Паланка, мандатот му помина во скандали, долгови и партизација на општината

Sase Ivanovski

Левица: МВР не демантира дека тендерот за возачки дозволи е партиски доделен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Многу е стресно новинарството, здравјето го изгубив поради него, ама пак би го работел кога би се вратил пред 30 години

Sase Ivanovski

Нема примирје – во фаза сме на привремена пауза на војната – тврдат во Иран

Sase Ivanovski

Секој иден попис мора да биде резултат на длабинска анализа и политички консензус, велат од Влен

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби, срамно

Sase Ivanovski

ЛАТАС ЌЕ ГО БОЈКОТИРАЛ ЗАКОНОТ ЗА ПОРТАЛИ, НИКОЈ НЕ ГО КОНСУЛТИРАЛ ЗА ЗАКОНОТ

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Герасимовски: „Центарска симфонија” ги сплоти скопјани, Тарабунов и граѓаните пееја и танцуваа на најпознатите филмски евергрини

Sase Ivanovski

Секој граѓанин може да закаже средба и лично да се види со министерот за здравство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС СО ПРЕДЛОГ: Владата да изгласа државата да ја плаќа алиментацијата на разведените жени, па после кривично да ги гони оние мажи што не плаќаат алиментација

Sase Ivanovski

Најнов туристички успех во Дојран. Урбанизација на плажите. Буквално се гради зграда на сама плажа кај ресторанот Фук Так

Sase Ivanovski

ФИТНЕС ИНСТРУКТОРИТЕ ПАРЧЕ ПРАВАТ ДЕНОВИВЕ…

Sase Ivanovski

ФОТО | Спектакл каков што ретко се доживува: „Масив атак“ ѝ приреди звучна и визуелна магија на публиката во Скопје

Sase Ivanovski

Најмалку 23 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во последните руски напади со дронови низ Украина

Sase Ivanovski

ПЕЏА: Се плашам дека изедначувањето на извештајот со „ќе нѐ биде или не“ во смисла на идентитетот, може за нас, дури и ако се изгласа извештајот, да се покаже како пирова победа

Sase Ivanovski

Отворено писмо до бугарскиот претседател Румен Радев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ДО ДАЧИЌ: Ти си вечно на власт, само две години не си бил на власт во последните 30 години…

Sase Ivanovski

(Видео) Снимка од дрон од вчерашниот протест во Белград: олку нè затру со омраза и поделби, што повеќе не знаеме кој ни е брат, а кој непријател

Sase Ivanovski

Трамп: Лудо е ова што му го прават на Биби! Тој е воен херој, нема да го толерираме тоа

Sase Ivanovski

(Видео) Пожар во Визбегово, ЦУК апелира институциите итно да преземат мерки за заштита на граѓаните и животната средина

Sase Ivanovski

Samsung постави рекорд во производството на телефони, глобалното производство се намалува

Sase Ivanovski

Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ДЕРАЛА: Мицковски ме доби на суд за клевета, судот се повика на европската конвенција за човекови права

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Со каков договор ДУИ наредија бришење на дијаспората од пописот?

Sase Ivanovski

ДУИ: Албанците нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“ од страна на власта

Sase Ivanovski

Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу

Sase Ivanovski

ИДФ им нареди на Палестинците евакуации во северна Газа

Sase Ivanovski

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Sase Ivanovski

Царината заплени дрон, цигари, фалсификувана стока

Sase Ivanovski

(Фото) Спасувачка акција во Охридското Езеро: Полицијата спаси четири лица на кои им се скршила едрилицата

Sase Ivanovski

Како „Јуроњуз“ ја цензурираше приказната на Синиша Мали за КРИК

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ВИДОВДАН ПРОСЛАВЕН НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА

Sase Ivanovski

ГУВЕРНЕРОТ СЛАВЕСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ШЕФОТ НА ФЕДЕРАЛНИТЕ РЕЗЕРВИ НА САД

Sase Ivanovski

СРПСКИ ПОРТАЛ ГИ ЛАЖЕ СРПСКИТЕ ТУРИСТИ НА ПАТ ЗА ГРЦИЈА ДА ВОЗАТ ЗА МАКЕДОНСКИ БРОД

Sase Ivanovski

СДК: ВАКВИ НЕ ПРИМАМ ВО КОЛА, МУ РЕКОЛ СКОПСКИ ТАКСИСТ НА ЛИЦЕ СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА И ОДБИЛ ДА ГО ВОЗИ

Sase Ivanovski

БРАВО ДЕЦА, ИМА ИДНИНА ОВАА ДРЖАВА

Sase Ivanovski

Трагедија во Дебарско Езеро – удавена жена кај градската плажа

Sase Ivanovski

Британските власти запленија 2,4 тони кокаин вреден 96 милиони фунти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КРИТИКИ ЗА ИЗРАЕЛ И САД НА КОНЦЕРТОТ НА МАСИВ АТАК ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

ОВА НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕ БИЛО ДОБРА ВЕСТ Германската влада го забрзува процесот на купување оружје и опрема

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЗАГИНАА ТАТКО И СИН: Страшна семејна трагедија попладнево кај Солун – возач на камион од Македонија е уапсен!

Sase Ivanovski

Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Sase Ivanovski

Жестоки судири во Белград во текот на ноќта: „Ова е крајот на предавничката влада“ Вучиќ ќе има обраќање до нацијата

Sase Ivanovski

НЕ МУ ДАДОА ДА СЕ ВЕНЧА ВО СРЦЕТО НА ВЕНЕЦИЈА Безос се соочи со бунт и притисоци, па ја промени локацијата

Sase Ivanovski

СЕПАК СМЕ БРАЌА: Илјадници Бугари протестираа против воведувањето на еврото во земјата

Sase Ivanovski
Вчитувам....