Баерн Минхен обезбеди место меѓу најдобрите осум на Светското клупско првенство, совладувајќи го Фламенго со 4-2 во натпревар исполнет со голови и грешки, особено во одбраната на бразилскиот претставник. Иако Баварците имаа водство во поголемиот дел од натпреварот, Фламенго на моменти внесуваше неизвесност, но не успеа да се врати целосно во игра. Со оваа победа, Баерн ќе се соочи со ПСЖ во четвртфиналето, кој претходно лесно го совлада Интер Мајами со 4-0.
Мечот започна со автогол на Пулгар уште во 6. минута, што им го отвори патот на Германците. Веќе во 9. минута, Хари Кејн зголеми на 2-0 со прецизен удар од далечина. Фламенго возврати преку Герсон, но пред паузата, Горецка ја врати предноста од два гола. Во второто полувреме, Жоржињо од белата точка намали на 3-2 и внесе нова доза на драма, но повторно Кејн беше тој што ја стави точката со својот втор погодок и го заклучи триумфот на Баерн. И покрај напорите на Фламенго, клучни беа нивните наивни грешки, особено во одбраната, што Баерн немилосрдно ги казни.