Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на социјалните мрежи собјави дека на суд ја добил тужбата преотив пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска. Пратеничката Петровска во краток коментар на постот на Мицкоски му порача дека спорот завршил само во едно рочиште.
Премиере, само да напоменеме, не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште. Прв меѓу еднаквите. Среќна 1949 година – пишува Петровска на Фејсбук. Мицкоски обвини дека СДСМ не се промениле и дека продолжуваат да го потценуваат народот со, како што вели, клевети и манипулации. Премиерот подвлече дека граѓаните се доволно мудри за да препознаат вистински вредности, а кариерите, изградени врз измами и политички лаги, тврди тој, нема да траат.