1908.- Во источен Сибир паднал метеор, предизвикувајќи џиновска експлозија и земјотрес што се почувствувал и во централна Европа.
1913.- Со нападот на бугарските сили на позициите на српската и на грчката војска во Македонија почнала Втората балканска војна, што завршила со мирот склучен во Букурешт, на 10 август 1913 година.
1934.- Германскиот нацистички водач Адолф Хитлер ја започнал пресметката со политичарите и со воените личности од сопствената Национал-социјалистичка партија. Притоа биле убиени стотина негови приврзаници и други активисти, меѓу кои и Ернст Рем, еден од највлијателните личности.
1941.- Непосредно по капитулацијата на Полска (1939 г.), Германците го изградиле логорот за масовно уништување, познат според германизираното име „Аушвиц“, според градот Освенцим, западно од Краков.
1949.- Во Скопје била изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно, а во кореографија на Ѓорѓи Македонски.
1960.- Белгија ја признала независноста на својата дотогашна африканска колонија – Конго.
1972.- Укината била смртната казна во САД.
1973.- Сенка на Месечината го прекрила целиот Африкански континент. Тоа било најдолгото замрачување на Месечината во поновата историја.
1974.– Алберта Кинг, мајката на убиениот американски свештеник, црнечки лидер и нобеловец Мартин Лутер Кинг, била убиена во текот на молитва во црква, шест години по атентатот врз нејзиниот син.
1974.– Рускиот балетан Михаил Николаевич Баришников емигрирал од СССР во Канада за време на турнејата со ансамблот на балетот на „Бољшој театарот“.
1993.- Битолскиот универзитет го добил името на еден од најистакнатите личности на словенската писменост „Свети Климент Охридски“.
1997.- Во Санта Барбара умрел Роберт Мичам, еден од најистакнатите американски филмски актери. Роден бил во Бриџпорт, на 6 август 1917 година.
2000.- Руското собрание го овластило претседателот Владимир Путин да ги сменува избраните функционери.
2005.- Шпанските пратеници го усвоиле законот за правата на хомосексуалците да стапуваат во брак и да посвојуваат деца, со што Шпанија, по Холандија, Белгија и Канада, станала четвртата земја во светот во која хомосексуалните бракови станале легални.