Турските власти го уапсија поранешниот градоначалник на Измир, Тунч Согер, како дел од истрагата на Генералното обвинителство на Измир за случаи на корупција. Издадени се вкупно 157 налози за апсење, вклучувајќи ја и онаа за поранешниот градоначалник. Тунч Согер, кој беше градоначалник на Измир пет години до општинските избори во 2024 година, е член на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), како и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој исто така беше уапсен под обвинение за корупција на 19 март. Измир се смета за упориште на ЦХП.
Обвиненијата се однесуваат на неправилности во доделувањето проекти во рамките на програмата за урбана обнова на општината. Меѓу уапсените се генералните директори на општинската градежна компанија „Из Бетон“ и на општинската компанија за водоснабдување „ИЗСУ“, како и раководителот на покраинскиот комитет на ЦХП во Измир.