Неколку генерации ќе се сменат пред да се изградат основите на македонската демократија, беа прогнозите на странските аналитичари кога зборуваа за перспективите на нашиот политички систем. 35 години подоцна, уште се мачиме со едно од нејзините основни правила: меѓународни договори склучени од претходна влада ја обврзува владата која ја наследила.
Тоа е правилото, така е секаде во светот. Се разбира, тие можат и да се раскинат, но тоа е исклучок. Тажно е да се гледа како млади претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, на 40 степени плус, се расправаат на ТВ екраните за „ласнскиот снег“. Но, нашата власт, барем на зборови, одбра да биде исклучок од правилото за континуитет, државниот а не партискиот континуитет. Партијата на македонските националисти не ги признава меѓународните договори склучени од претходната влада и, многу често, ги прогласува за предавства.
Сега, бара од опозицијата да се откаже од нив и да им се придружи во градење заедничка политика по нивен терк. Свесни за непопуларноста на нивните поранешни политики кај Македонците, опозицијата која се чувствува измамена , не знае што точно да прави. Вели дека е спремна да поддржи секаква корекција на договорите, од Преспанскиот, Охридскиот до Договорот со Бугарија, наместо да ја брани својата некогашна политика со констатацијата дека тоаа е најдоброто што сме можеле да добиеме како мала држава која нема нуклеарно оружје, моќна економија, ретки минерали или што веќе се бара во меѓународните односи раководени од интересите на државите. Наместо тоа, таа се повикува на принципи. Потребна е извесна тупост, и после „Украина“, сите карти некој да ги става на принципи, мислам. Иако, на малку подолг рок, политиките на СДСМ и ДУИ во меѓународната сфера ќе се покажат како исправни, партиите не би биле тоа да не мислат на идните избори да се дограбат до власт, макар била и локална. Така, играта со патриотските чувства на граѓаните продолжува.Тоа, пак, само ја „заглавува“ државата.
Вредноста на либералната демократија е дека има повеќе од една опција за државната политика. Еве, се испроба „либералната“, сега нека се испроба и „конзервативната“, па народот нека научи. Денешната власт ги има бројките во парламентот за радикалнао да ја пропмени надворешната политика. Но, владата и претседателката треба добро да пресметаат кој се стои зад таквата меѓународна политика и со кого се ќе се судри нашата држава. На пример, во втората дебата со професорот Огњен Минчев од Софија ,на поткастот „Коридор 8“, разбирам дека Западот е инспиратор на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017, како што беше и за Преспанскиот договор. Приказната за договорот со Грција, за тоа како се реши еден децениски „билатерален проблем“, во моментот кога ги засегна интересите на Америка визави руската опасност на Балканот, сум ја кажал повеќе пати. Но, дека, според тврдењата на Минчев, истите сили најдиректно стојат зад договорот со Бугарија, не знаев. Кај нас, како и за било што друго, никогаш не се отвори сериознана дебата за Договорот со Бугарија.Навреди и обвинувања колку ти душа сака, ама анализа јок. Ако ништо, макар и од љубопитство за авторството на фамозните два збора „заедничка историја“. Од презир не ги спомнувам Центрите за стратешки истражувања во нашата земја и „готованите“ распослани таму.
Во меѓувреме, деновиве се гласи и американскиот претседател Доналд Трамп кој, се повикува на одлуките на Џорџ Буш помладиот за Балканот, со кои Америка застана зад меѓународните договори потпишани под нивно влијание од македонската држава. Потегот на Трамп треба да ги замисли нашите врвни политичари, зашто дури и тој признава континуитет на државната политика од една администравија до друга! Ние не признаваме и продолжуваме со потрагата по предавникот кој го смислил договорот со Бугарија. Но, што ако потрагата по предавникот ја одведе новата македонска власт директно во Вашингтон?