👵 Нашите највозрасни сограѓани се столбот на државата и нашето општество.
🙏 Со почит кон нивниот труд и животен придонес, продолжуваме да градиме заедница во која секој е вреднуван и поддржан.
✍️ Денес ги потпишав налозите со кои доделуваме финансиска поддршка на пензионерите со ниски примања, а веќе утре во текот на денот парите ќе бидат префрлени на нивните сметки.
💶 Со оваа мерка, финансиска помош добиваат пензионерите кои се приматели на старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија кои се жители на општина Кисела Вода, а чии примања не надминуваат 22.640 денари.
🧩 Секој од нив добива финансиска помош од 2500 денари, а општината дополнително го покрива персоналниот данок кој не е пресметан во овие средства.
❗️Ова е првата тура од исплатата, додека пак втората, повеќе од 1800 пензионери во текот на следните денови ќе ја добијат ветената еднократна финансиска помош.
✅ Тоа се повеќе од 3200 пензионери кои добиваат финансиска поддршка!
🫵 Оваа мерка е уште еден чекор во нашата континуирана грижа за повозрасните жители, за нашите родители, баби и дедовци, со која покажуваме дека не се заборавени.
Сето ова е резултат на нашата посветеност да создадеме општество во кое секој пензионер ќе има подобар квалитет на живот.
♥️ Да сте здрави и живи и со здравје да си ги трошите.
🔛 Продолжуваме посветено, за сите, за секој еден. Сите се важни.
🫵 А најдоброто, допрва доаѓа!