29.8 C
Скопје
01/06/2025 14:49
МАКТЕЛ

     

Вестите мора да почнат со успесите на владата

      

Би било фер на новата влада да и се даде малку време да се конституира и да се остави 100 дена спокојно да работи без пожестоки критики на првите чекори на власта. Сакав да го применам тоа заборавено непишано правило, иако овој принцип во Македонија никогаш не е почитуван, додуша одамна застарен, не се применува ниту во развиените парламентарни демократии. Новиот мандатар Христијан Мицкоски се откажа од една таква „привилегија“ на која, ако ништо друго, можеше да се повикува во првите три ипол месеци. Ќе речете што има лошо во тоа. Се разбира, нема ништо лошо ако тоа не е проследено со синдромот на ВМРО ДПМНЕ за авторитарно владеење и сеење страв како прв приоритет на власта.

Мицкоски пред инагурацијата на функцијата претседател на владата, не седнат на премиерската жешка фотелја и без да ја одржи првата владина седница во новиот состав, побрза да ја подготви јавноста за големите достигнувања кои ќе уследат многу бргу уште од првата половина на идниот месец. За тоа, како што навести најнапред му е потребна слепа послушност од медиумите. Тоа беше првиот опасен сигнал за повторно воспоставување на авторитарен режим. Секоја власт ги расипува властодржците, а апсолутната власт ги расипува апсолутно. Таа лесно станува страховлада. Првиот предуслов за тоа е медиумска послушност. Во своето прво интервју за ТВ Канал 5 по големата победа која означи покрај локалната, преземање и на извршната власт и на претседателската функција, Мицкоски ги изговори зборовите „Вестите мора да почнат со успесите“. Цитирано од збор до збор без никаква додавка или промена, нуту пак вадено од неков контекст, или нешто сечено и лепено бидејќи немаше одговор на дополнителното потпрашање на новинарот поставено како констатација: „ако има успеси“.

   

Да се каже вакво нешто и во најавторитарните режими би било рамно на голем скандал. Властодржците и вождовите ги имаат под свое влијание медиумите, но доволно се мудри никогаш да не изговорат јавно една таква закана како што му се откачи на Мицкоски. И, еве од тогаш помина цела недела, освен неколку медиуми што предупредија што значи таква закана, тоа поминува прилично молкум како ништо да не се случило. Молк и во највлијателните медиуми кои оправдано жестоко ги критикуваа злоупотребите на претходната власт. Дали тоа значи дека повторно ќе се градат потемкинови села со големите лажни успеси кои ги постигна „најдобриот“ премиер досега допирајќи до олимписки височини на светски прваци во бизнис климата на најсиромашниот народ во Европа.

Должничкото ропство стана голем успех

Мицкоски не најде за потребно да се дообјасни што сакал да каже со својата порака до медиумите да ги почнуваат вестите со успесите на власта. Напротив, ја соопшти ексклузивната вест која треба да се фали на невидено, дека веќе е договорена голема зделка, многу поволен кредит со ниска камата од милијарда евра. Тоа е рече завршена работа и договорено влада со влада. Која наша влада и кој наш премиер го договорил тоа!!!???

Понесен од големата победа Мицкоски си го дозволи тоа пред да се устоличи. Некоја влада, на некоја држава за негово добредојде ќе инвестира милијарда евра во Македонија. Браво, фантастичен успех. Во Македонија одамна е голем успех да се задолжува државата, под многу „поволни“ услови. И навистина е успех кога едни ги трошат парите, а друг треба да ги враќа.

Таинствениот успех предизвика вистинска кладилница која е таа толку пријателска земја да договори така поволна инвестиција пред да се одржат изборите. Работата испадна многу помистична од милијардата од Тајван која прва ги разгоре фантазиите на граѓаните на Македонија. Отогаш милијардите доаѓаа од сите страни кои никогаш не ги видовме, освен новата гипс картон архитектура на барок и рококо и спомен обележјата кои ја внесоа Македонија во светската мапа на брзо богатење на политичарите.

Лицитацијата почна од Кина, Русија, до Турција, Србија и Унгарија, ама тие не биле. Работата во кулоарите стаса до Арапските Емирати. Изненадувањето допрва ќе уследи кога ќе се дознае што договорил нашиот голем критичар на прекумерното задолжување. Ако се во прашање Арапските Емирати треба да се знае дека и бескаматните кредити што ги даваат нивните банки не се верско прашање, туку наука која се изучува на економските факултети во предметот „Исламски инвестиции“ кои имаат исто така строги критериуми, некогаш потешки и од највисоките камати. Ете затоа се потребни како земзе водичка медиумите. Кога си во опозиција, ќе врескаш ни се заканува „должничко ропство,“ а кога си на власт тоа е голем успех со поволни кредити и странски инвестиции. Ако почнат сите вести на новиот главен уредник на сите медиуми, нешто што веќе сме го доживеале во период од цели 11 години, јасно е накај ќе одат работите со големите успеси.

Живи биле па виделе

Но, сепак она што ми остави најсилен впечаток од активностите на идниот премиер се принципите кои ги договорил со албанската опозиција ВРЕДИ кои се предуслов за коалиција и работа на идната влада. Во прашање се три клучни начела за меѓупартиска соработка со учесниците во поделба на власта. Тоа се, прво евроинтеграциите, второ забрзан економски развој и трето борба против корупцијата и организираниот криминал што брзо ќе заврши со воспоставување на владеење на правото. Дали ова ви е некако многу познато, како да сте го слушале сите овие 32 години. Ако е така тогаш добро е да се чуе уште илјада пати, само што во истиот момент треба да заборавите што сѐ ни е ветувано во изминатите три децении и кој за што бил и што сработил додека бил на власт и на што жестоко се спротивставил додека бил во опозиција.

Да тргнеме од евроинтеграциите. Ни ветија никако во ЕУ по секоја цена. Поверуваа мнозинството граѓани. Ни ветија подобар договор со Грција. Никогаш Северна, секогаш само Македонија. И на тоа поверуваа мнозинството граѓани. Никако уставни измени под бугарски и француски диктат. И на тоа поверува истото мнозинство и ги донесе на власт големите патриоти. И сега што правиме кога во власта веќе ќе нема предавници како што вели Денко Малески. Се знае што ќе правиме, предавниците и странските платеници ќе бидат непријателите во опозицијата кои ќе ги кочат работите како што тоа го правеа за време на „груевизмот“. Тие ќе бидат виновни за сѐ што не чини.Погодете од три пати што ќе се случува со почнатите преговори со ЕУ.

1. Ќе се изгласаат уставните измени и ќе влезат Бугарите во уставот со пониска цена, без бугарски диктат.
2. Ќе се постигне подобар договор со Грција.
3. Ќе стане ли Македонија полноправна членка на ЕУ горда и достоинствена за време на новиот десетгодишен мандат на ВМРО ДПМНЕ.

Мојот најоптимистички одговор би бил дека уставните измени ќе се донесат во наредните шест месеци и преговорите со ЕУ ќе продолжат. Цената ќе биде иста ако се побрза, ако не ќе биде повисока, бидејќи таа веќе порасна од домашните блокади на преговорите со ЕУ. Добрите вести ќе ја прикажат оваа козметичка операција како голем успех за да нема разочарување на граѓаните кои веруваа дека ќе нема уставни измени. Сите други варијанти би означиле катастрофа за иднината на Македонија.

Вториот принцип за побрз економски развој со нови задолжувања е илузија ако не се оствари првиот принцип со евроинтеграциите и остварување на реформите предвидени во преговорите и помогнати од европските фондови. Напуштањето на преговорите со ЕУ ќе означи уште поголема катастрофа со голема веројатност да го изгубиме и она што сме го стекнале со големите отстапки. И третиот принцип за успешна борба против високата корупција и организираниот криминал со воспоставување на владеење на правото по седумте „гладни години“ на опозицијата ќе важи само за злоупотребите на претходната власт, а и тоа не е баш најсигурно. Со оглед на досегашните искуства.

Живи биле па виделе.
Без грам иронија и сарказам, сакам моите проценки да бидат погрешни.
Ерол Ризаов

   

Најново

Од Бигорски манастир со молба до верниците да бидат достоинствени и смирени

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се жали не го слушале советниците, или стигна потврда дека Филипче не е претседател ниту на советниците на Заев

Sase Ivanovski

Трипуновски: Треба да се набави домашна храна во државните стокови резерви

Sase Ivanovski

Нареднава недела топло време со температури до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Во тие 5% за одбрана што ги бара САД ќе влезат и коридорите 10 и 8 кои ќе ги користи НАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Сигурен сум дека од Таравари е разочаран и самиот Таравари

Sase Ivanovski

Вардар и Пелистер денеска во Охрид играат за трофејот во Купот на Македонија

Sase Ivanovski

Инсулинот што се увезува е квалитетен но не е од најнова терапија оти по ништо не сме на врвот на светските ранг листи и се купува поефтино

Sase Ivanovski

Во израелски напад врз пункт за испорака на хуманитарна помош во Рафа загинаа 30 лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОБВИНИТЕЛИТЕ КОИ ЈА ВОДЕА ИСТРАГАТА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ СЕ ИЗБРАНИ ОД СДСМ И ДУИ, КАКО СЕГА НЕ ИМ ЧИНАТ?!

Sase Ivanovski

Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија

Sase Ivanovski

Во деловите каде прокиснува во Кочанската болница не се третираaт повредените од пожарот,толкувајте посмирено вели Клековски за РСЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Живковизмот е се уште жив во Бугарија, каде изчезнаа 200 000 Македонци кои ги имаше на пописот па ги снема?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Жалам што Арсовска добива закани по живот, ја охрабрувам да пријави во МВР

Sase Ivanovski

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци

Sase Ivanovski

ЈП „Водовод и канализација“: Преголема потрошувачка на вода во Чаир, мрежата пребрзо се празни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Нечовечки и нехумано е тоа што се злоупотребува трагедијата во Кочани за политички цели

Sase Ivanovski

Старото игралиште во Ново Лисиче ќе стане мултифункционално

Sase Ivanovski

Макрон им честиташе на играчите по успехот во ЛШ, 68 навивачи уапсени за време на прославите во Париз

Sase Ivanovski

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолго задржување

Sase Ivanovski

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште

Sase Ivanovski

АРСОВСКА ГО ОБВИНУВА И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО „Ганиу уништува докази, а ЈО ќе рече не нашле ништо“

Sase Ivanovski

Неколку села во скопско ќе останат без струја

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РЕНОВИРАНА ИНФЕНКТИВНАТА КЛИНИКА ПРИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР МАЈКА ТЕРЕЗА

Sase Ivanovski

„ОБВИНИТЕЛСТВОТО МЕ МАЛТРЕТИРА И МЕ СТАВА ВО ДОПОЛНИТЕЛНА ОПАСНОСТ“ Арсовска ќе однесе докази, оти не се плашела од Ганиу и од Меџити

Sase Ivanovski

192 ПОВРЕДЕНИ И ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ХАОТИЧНОТО СЛАВЈЕ ВО ПАРИЗ Навивачите на ПСЖ приредија дивјачки неред

Sase Ivanovski

И партијата на Георгиевски се вмеша во именувањето на нов митрополит: Ѓоко нема ден монашки живот

Sase Ivanovski

Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции

Sase Ivanovski

ВИДЕО | ПСЖ го декласираше Интер за прва титула во Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Видео: Седум загинати и 30 повредени во железничка несреќа во Русија поради уривање на мост

Sase Ivanovski

Иса Селими и Александар Петровски балкански шампиони во карате

Sase Ivanovski

Илон Маск толку многу се дрогирал како советник на Трамп што добил проблеми со мочниот меур, објави Њујорк Тајмс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сашко Митовски: Време е за нов чекор напред, покажавме дека можеме многу!

Sase Ivanovski

Митовски ќе оди во трка за нов мандат за градоначалник на Крива Паланка

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја урниса секоја област во општеството, да си ја земеме државата назад

Sase Ivanovski

СИ ЏИНПИНГ СИ ПОСТАВИЛ РОК ЗА MOЖЕН НАПАД НА ТАЈВАН? Американски министер предупреди дека времето истекува

Sase Ivanovski

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци!

Sase Ivanovski

РЕШЕНИЕ ЗА ЗАОСТАНАТИТЕ ПЛАТИ ВО ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ Институцијата ќе биде под министерството за правда

Sase Ivanovski

Еднократна финансиска помош за пензионерите од Гази Баба со пониски пензии

Sase Ivanovski

Тошковски за ,,Фокус”: Можно е да има проширување на истрагата за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Македонската репрезентација во џиу џица со седум медали на меѓународниот турнир во Јахорина

Sase Ivanovski

ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо

Sase Ivanovski

Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител: Замолуваме да не биде изгубено од вид она што е над сè: единството на нашата Света МПЦ-ОА

Sase Ivanovski

Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети

Sase Ivanovski

Филипче: Ако Мицкоски продолжи вака, нема ни Господ нема да му помогне

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Мајка-мечка со две мечиња на патот Маврово-Дебар

Sase Ivanovski

Кратовчанец ја натепал сопругата, ѝ се заканувал и со нож

Sase Ivanovski

Насилник ги нападнал поранешната девојка и нејзин колега во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

Филипче од Крива Паланка: Митовски доби поддршка за уште еден градоначалнички мандат

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ги забрани асфалтните и бетонските бази на нејзина територија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Акцијата за апсење на убијците од Беланоца и Барон е голем успех на институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) За руинираниот двор и плато пред објектот на македонската Влада – Александар Видиновски и пратеникот Бојан Стојаноски

Sase Ivanovski

СЗО побара забрана за ароматизираните тутунски производи

Sase Ivanovski

Германија блокирана: Грешка во апликацијата „Гугл Мапс“ предизвика тотален хаос на автопатите

Sase Ivanovski

Томас Вајц за БТВ: „Не гледам проблем за македонскиот идентитет и јазик“

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Sase Ivanovski

Жена на 33 години загина, а шест други лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Sase Ivanovski

Русија ја опомена сојузничката Србија за снабдување на Украина со оружје

Sase Ivanovski

Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Родителите на загинатите со порака до полицијата: ” Бараме правда за секое дете што загина, тоа беше масовно убиство, не ги штитете убијците!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Дали МВР постапува по наводите за дивоградбите во Чаир и за вчерашното дивеење на Ганиу?

Sase Ivanovski

ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПО 30.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ОБУЧЕНО ЛИЦЕ Грант за самовработување ќе добијат 1.703 невработени лица

Sase Ivanovski

Пет можни сценарија за крајот на војната Русија-Украина според американската банка ЏП Морган Чејс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Британската агенција која ќе го кредитира договорот за заем има сериозни корупциски скандали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА: СДСМ ги признава грешките и учи од нив, ВМРО ДПМНЕ и нејзините сателити ќе направат се да го саботираат влезот во ЕУ за да може на раат да крадат!

Sase Ivanovski

Опасен е патот кон Теферич – Сопиште повикува да се користат алтернативните

Sase Ivanovski

Шукова: Началник на СВР Штип е заштитен од Коцевски и Мицкоски во истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

ПРЕТЕПАН СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Го нападнала група малолетници во школски двор

Sase Ivanovski

Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ ги постави темелите на државата и ќе си ја вратиме државата назад!

Sase Ivanovski

Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово поради поврзување на главниот магистрален водовод

Sase Ivanovski

Маск бил издрогиран поголемиот дел од времето додека работел со Трамп

Sase Ivanovski

Видео: Мене ќе ме утепаат- Арсовска за заканите. Ова ли е држава?

Sase Ivanovski

Гостиварец ја нападнал и силувал вонбрачната сопруга

Sase Ivanovski

Сервисиран и вратен еден „ер трактор“ за гасење пожари

Sase Ivanovski

Хаос кај Бит Пазар: Насилно им влегле дома и тепале цело семејство

Sase Ivanovski

Филипче: Зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Sase Ivanovski

Пијан насилник од скопско ги тепал и давел партнерката и нејзината мајка

Sase Ivanovski

Приврзаниците на Партениј протестираа пред резиденцијата на архиепископот во Скопје

Sase Ivanovski
Вчитувам....