19.8 C
Скопје
06/05/2025 11:57
МАКТЕЛ

     

Градоначалникот Јакимовски и жителите на Злокуќани се против префрлање на Центарот за зависници во болницата „Бардовци“

      

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски заедно со локалното население од Злокуќани ги повикаа владата и министерството за здравство да ја преиспитаат намерата да го префрлат центарот за зависници од Кисела Вода во болницата Бардовци. – Имам крајно непријатна потреба да се обратам до јавноста, затоа што се наоѓаме пред болницата за душевно болни „Бардовци“ што се наоѓа на територија на општина Карпош и уште понепријатно ми е што граѓаните мораат на ваков начин да го изразуваат револтот на ваков начин и јас како градоначалник. Нормално е кога треба луѓе да се лекуваат. Треба и ние да создадеме услови за лекување на секој еден. Оваа душевна болница е скоро 60 и кусур години на оваа локација. Граѓаните се веќе научени со проблемите што ги имаат со нејзе, со децении, и очигледно дека веќе немаме никаков проблем. Но, сега се јавува еден огромен проблем, затоа што министерството за здравство сака сите лица зависници од опојни дроги да ги донесе овде и лекувањето да биде во душевната болница. Ние немаме проблем да се врши лечење, но секој треба да се лечи во својата општина. Што значи тоа? Сите зависници од општина Карпош, треба да се лекуваат во Карпош, и сите што се во други општини да се лечат на други места. Јас го побарав министерот за здравство, му објаснив дека имаме сериозна реакција од граѓаните, во исто време и јас не се сложувам со ваквиот начин на решавање на проблемите. Објаснувањето беше дека имаат само два тима, изјави градоначалникот Јакимовски.

Јакимовски предупреди дека доколку се реализира планот на министерот за здравство директно ќе се загрози животот на жителите на Злокуќани, кои во моментот веќе трпат огромен терор од неколку семејства доселени од Косово кои се недопирливи за полицијата, обвинителството и судот.

– Не можеме ние само да бидеме колатерална штета и граѓаните на Злокуќани, затоа што имаме неодговорно министерство, не зборувам само за ова, зашто има само два тима за лекување. Замислите, сакаат сите овие зависници од дрога, што биле во Кисела Вода да ги префрлат овде во Карпош, и замислете кое е објаснувањето. Градоначалникот на Кисела Вода имал изборно ветување дека ќе ги тргне зависниците од болницата каде што се лекуваат во Кисела Вода. Јас на колега Орце Георгиевски сакам да му порачам дека оваа работа не е наша општинска, ова е државна работа. Второ, ако тој има дадено ветување да ги трга од својата општина зависниците од друга, јас не сум дал ветување на граѓаните на Злокуќани и Карпош дека ќе им доведам овде зависници од дрога од територија на сите општини на град Скопје. Затоа сметам дека тој најмалку треба да се прави газда во туѓ двор, односно најмалку да посочува каде треба да бидат сместени.

   

Од друга страна морам да упатам критика до министерството за здравство, мора да си најде решение, но овие граѓани овде нема да дозволиме да бидат реметени токму од зависниците од опојни дроги, затоа што Злокуќани и сега трпи огромен терор, особено од неколку семејства што се доселени од Косово со кои не може да се справи ни полицијата, ни обвинителството, ни судовите, ни граѓаните… и сега ако го направиме и овој дополнителен товар на овие граѓани буквално покажуваме желба да ги иселиме, а никако да им го подобриме животот и животните услови, изјави Јакимовски. Градоначалникот предлага секоја општина да се грижи посебно за зависниците од дрога од својата општина, за конечно да се надмине овој проблем. – Општината направила се овие луѓе да живеат тука во слога и да имаме нормално функционирање на локалната самоуправа. За жал имаме обид за реметење на животот на овие граѓани. Минатата власт сакаше во Бардовци да ни донесе имигранти, оваа власт сака да ни ги донесе зависниците од дрога. Луѓето имаат објективни причини да се плашат кој во нивна близина ќе постои и ќе оперира. Затоа сметаме дека секој треба да се лечи во својата општина, министерството мора да го коригира ставот, во спротивно ќе имаме сериозни проблеми. Граѓаните ова не го заслужуваат, изјави градоначалникот на општина Карпош.

  

Најново

За 4,4 проценти поскапеле угостителските услуги на годишно ниво

Sase Ivanovski

Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование ќе продолжат да се градат откако ќе биде направена стручна анализа

Sase Ivanovski

Имаат скоро 80 пратеници и воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот, вели Мурати од Европскиот фронт

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице од дебарско, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 Анализа – Ќе биде ли доведен во прашање и легитимитетот на Вреди?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Павле Трајанов

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) “На кавга со Иван“ – Владимир Божиновски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: Мицковски на маса со Таравари, излезната врата од Илинденска се отвара?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 степени: Зошто сè уште не се применува Законот за македонски јазик

Sase Ivanovski

Сообраќајот тековно и без застои

Sase Ivanovski

СИСТЕМИ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА ВО ОБЈЕКТИТЕ: Еве како можат да помогнат во случај на пожар

Sase Ivanovski

ПАЦИЕНТИ ОД КОЧАНИ ДОЖИВЕАЛЕ НЕПРИЈАТНОСТИ НА АЕРОДРОМОТ ВО ИСТАНБУЛ Мицкоски ургирал кај Ердоган за да се среди ситуацијата

Sase Ivanovski

ЈАЗИКОТ Е НАШИОТ БЕДЕМ И ИДЕНТИТЕТ Нема да отстапам од цивилизациското право да говориме на македонски, порача премиерот

Sase Ivanovski

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Стојановски: Резултатите на локалните избори ќе покажат дали има потреба од предвремени парламентарни

Sase Ivanovski

Левица: Зад параван на „меѓународно претставување“, ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ повторно го злоупотребуваат државниот буџет за луксуз

Sase Ivanovski

Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет

Sase Ivanovski

Студентите во Блокада во Белград бараат предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

Во среда, 07 мај 2025 во 13.30 часот во МКЦ: Комеморација за Тоше Поп Симонов

Sase Ivanovski

ЗНМ со изложба и доделување награди за најдобри фотографии

Sase Ivanovski

Актерката Снежана Коневска-Руси е добитник на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“

Sase Ivanovski

Прв час по македонски јазик за децата во Шпанија: историски настан за македонската заедница

Sase Ivanovski

Апсолутно нема потреба од предвремени парламентарни избори заедно со локалните, вели претседателката на државата

Sase Ivanovski

Заврши средбата Мицкоски – Таравари, разговорите продолжуваат во текот на мај

Sase Ivanovski

Населението во Македонија се намалува, многу деца живеат во сиромаштија

Sase Ivanovski

Како ќе се враќа солидарниот данок? За 5 години треба да се исплатат 49 милиони евра, ќе има ли кривична одговорност за мерката?

Sase Ivanovski

УНИЦЕФ: Малтретирањето во училиштата е во пораст

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Инвестираме дополнителни 70 милиони денари поддршка за инфраструктура во Штип

Sase Ivanovski

(ВИДО) Teма на денот со Петар Богојески, директор на Агенцијата за европски образовни програми

Sase Ivanovski

Во Куманово одбележани 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Панова: Секој ден во Собранието гледаме само лицемерие од СДС

Sase Ivanovski

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Sase Ivanovski

Средба на Димитриеска Кочоска со турскиот министер Болат – Договорена интензивирана соработка во областа на царината

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Средба на министерот Тошковски со јапонската амбасадорка, Н.Е. Кавахара Сецуко

Sase Ivanovski

МОН со стипендии поттикнува средношколци да се запишуваат на студиски програми по македонски јазик

Sase Ivanovski

МОН: Конкурс за есеј за основците и средношколците по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик

Sase Ivanovski

Обраќање на академик Живко М. Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на: Свечена академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик

Sase Ivanovski

Јаневска: Законот го штити македонскиот литературен јазик, но и секој лично може да придонесе во неговото унапредување

Sase Ivanovski

“ПЕРОТО НА КОЧИЌ” ЗА 2025 ГОДИНА МУ Е ДОДЕЛЕНО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЕТ ХРИСТО ПЕТРЕСКИ

Sase Ivanovski

Средба Костадиновски-Челик: Привршуваат подготовките за проектот за дигитализација на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Средба помеѓу државниот секретар во МВР и заменик амбасадор на Француската Република

Sase Ivanovski

Oдбележување 5 Мај – Денот на македонскиот јазик: Јазикот е нашата татковина, ако го зачуваме, тој ќе не зачува нас!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го деградираше македонскиот јазик, Заев е тој кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти

Sase Ivanovski

Објавен конкурсот за необјавена поетска збирка „Антево перо“ 2025

Sase Ivanovski

(ФОТО) Општина Куманово: СОУ Гимназија “Гоце Делчев” го одбележа патрониот празник

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нека не се секира за Аеродром, реконструкцијата на Владимир Комаров се реализира согласно договорот

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Манасиевски: Филипче во друштво на криминалци и уживатели на дрога, што има заедничко со нив?

Sase Ivanovski

Лишени од слобода три лица поради разбојништво во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Консултативна дебата на Собранието и УНИЦЕФ: Потребно е постојано унапредување на агендата за правата на децата

Sase Ivanovski

Комесарот ја држел вратата, а претседателот на ФК „Слога“ тепал фудбалер на ФК „Карбинци“

Sase Ivanovski

Расчистено вчерашното убиство во Шуто Оризари, поднесена кривична пријава против две лицa

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нов закон за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ниту една фирма не сакала да оценува позитивни и негативни вести во медиумите

Sase Ivanovski

Прв час по македонски јазик за децата во Шпанија: историски настан за македонската заедница

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа во Куманово – шестмина повредени, меѓу нив и дете

Sase Ivanovski

Кривична пријава против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

Љутков: Грижата за македонскиот јазик e чин на современ патриотизам

Sase Ivanovski

Потенцијални кандидати за локалните избори – албанските партии ги започнаа калкулациите со имиња

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Агелер со честитка за Денот на македонскиот јазик

Sase Ivanovski

Се тепале соседи во Берово, едниот сакал да го прегази другиот со кола

Sase Ivanovski

Телма: Министри некои и со сопругите, ген секот и портпарлот на владата. За кој од бројната делегација за Осака било платено,кој бил муфте,кој сам си платил

Sase Ivanovski

Алијанса ниту е такси за превоз, ниту е чамец за спасување – реакција на Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Тотална негрижа, ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува Законот за македонски јазик

Sase Ivanovski

Во Скопје се уапсени тројца студенти од Турција, ограбиле таксист

Sase Ivanovski

(ВИДЕО)Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?

Sase Ivanovski

Граната од Прва светска војна пронајдена во нива во Новаци

Sase Ivanovski

Улицата „Алексо Демниевски“ во Диво Маало добива 13 новоасфалтирани краци

Sase Ivanovski

Мицкоски: поради локалните избори во јуни ќе има ребаланс на Буџетот.

Sase Ivanovski

Скопјанец пронајден починат во својот дом во Аеродром

Sase Ivanovski

Малолетничка била нападната и ограбена од врснички во Аеродром

Sase Ivanovski

Скопјанка се породила дома, новороденчето починало

Sase Ivanovski

Две жени се пресметале во Драчево

Sase Ivanovski

Мицкоски му се јавил на Ердоган и го средил проблемот што го имале пациентите од Кочани при полетување од Истанбул

Sase Ivanovski

Општина Гази Баба ќе субвенционира набавка и монтажа на сончеви колектори во домаќинствата

Sase Ivanovski

(ФОТО) СДСМ Аеродром: Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

Sase Ivanovski

Министерството за финансии: Димитриеска-Кочоска во работна посета на Турција

Sase Ivanovski

Герасимовски: Македонскиот јазик е нашиот дом, да го негуваме, развиваме и пренесуваме за идните генерации

Sase Ivanovski

СДСМ Аеродром: Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на Владимир Комаров?

Sase Ivanovski

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова на Денот на македонскиот стандарден јазик и 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Sase Ivanovski
Вчитувам....