„Ако десничарска партија како ВМРО – ДМПНЕ добие голема институционална моќ, со сите државни ресурси на располагање, ќе се соочиме со крај на нашата европска перспектива“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Струмица.
Тој им порача на граѓаните, кога ќе гласаат на 8 мај да имаат предвид дека со ВМРО – ДПМНЕ на власт иднината на државата ќе биде под сериозна закана, која ќе значи блокади на нашата држава и можни внатрешни етнички тензии.
„Доаѓањето на ВМРО на власт ќе стави крај на независните медиуми, на независното судство, правдата и правичноста, на сметка на зголемените меѓуетнички тензии. Мицкоски и ВМРО – ДПМНЕ играат опасна игра. Она што е во наша корист е тоа дека сите знаеме како изгледа владеењето на режимот“, рече Ковачевски.