23.8 C
Скопје
19/05/2024 15:20
МАКТЕЛ

  

     

 

Комесарот за човекови права на Советот на Европа бара од македонската влада да се истражат досиејата од Хашкиот трибунал

      

Фото: Маја Јаневска-Илиева
Дали овие препораки ќе бидат земени сериозно од македонската влада, треба да видиме. Според меѓународните експерти за човекови права, воените злосторства никогаш не застаруваат. Во Македонија се донесе закон за амнестија, кој според Стразбур треба да се укине. Интересно е дека писмото упатено до Ковачевски, е објавено кога тој се повлече од функцијата и на негово место дојде Талат Џафери, кој и беше припадник на ОНА-УЧК, добро би било да се произнесе владата, иако сега техничка по ова прашање

   

Стразбур, Специјално за „Нова Македонија“ Тони Гламечвски
Со допис до македонската влада упатен на 15 јануари 2024 година на адресата на тогашниот премиер Димитар Ковачевски, комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, бара досиејата од Хашкиот трибунал да се истражат од домашните судови. Таа исто така испрати писма и до другите премиери на земјите-членки на Советот на Европа во регионот на поранешна Југославија, кои се објавени интегрално на интернет-страницата на Советот на Европа, во нив се препорачува да се преземат конкретни чекори за справување со насилното минато и поодлучно движење кон социјална кохезија, правда и помирување. Мијатовиќ ги нагласува клучните чекори што треба да се преземат, а кои ќе го подобрат почитувањето на правата на жртвите и ќе промовираат инклузивен и заснован на човекови права пристап за справување со минатото во регионот.

 

– Како комесар за човекови права на Советот на Европа, мојот мандат е да поттикнувам ефективно почитување на човековите права во сите 46 земји-членки на Советот на Европа, вклучително и преку дијалог со владите на земјите-членки и тематската работа. Ви пишувам денес за да ви го свртам вниманието на еден проблем – стои во писмото на Мијатовиќ до Ковечевски.
Таа, понатаму, ги споделува клучните наоди и препораки од нејзиниот неодамнешен извештај „Справување со минатото за подобра иднина: Постигнување правда, мир и социјална кохезија во регионот на поранешна Југославија“. Во контекст на враќањето кон етнонационалистичкиот дискурс, негирањето на воените злосторства и глорификацијата на воените злосторници од страна на политичките лидери и другите влијателни општествени актери, Мијатовиќ нагласува дека „справувањето со минатото е предуслов за градење кохезивни, демократски општества засновани на почитување на човековите права и владеењето на правото“.

   

     

Во писмото испратено до тогашниот премиер Димитар Ковачевски на 15 јануари годинава, Мијатовиќ дава неколку клучни препораки за Македонија, осврнувајќи се на конфликтот во 2001 година, за кој нагласува дека бил во помал обем од другите во регионот, но земјава треба да се справи со минатото. Она што е позитивно направено во тој контекст се напорите за решавање на состојбата на присилно раселените лица од Косово, случаите со лицата без државјанство, како и реализација на воннаставни проекти во некои училишта што им овозможија на децата од различни етнички групи да се запознаат.

– Да се укине автентичното толкување од 2012 година на Законот за амнестија од 2002 година и да се истражат досиејата кои беа пренесени од страна на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија до домашните судови, потоа реформа на образовниот систем во насока на интегрирано образование за децата од различни етничките групи да делат заеднички часови, притоа зачувувајќи го своето право да учат на својот мајчин јазик, како и тоа да им се овозможи на младите луѓе да научат за конфликтот од 2001 година на објективен начин што дозволува повеќекратни перспективи, со осуда на сите злосторства и промоција на толеранција и отвореност – препорачува Мијатовиќ.
На Ковачевски таа му препорачува и одлучно да се осудат случаите на говор на омраза и меѓуетнички насилни инциденти, а да се промовира помирување и социјална кохезија меѓу различните етнички и религиозни групи.

На крајот Мијатовиќ препорачува ратификување на Меѓународната конвенција на ОН за заштита на сите лица од присилно исчезнување.
Дали овие препораки ќе бидат земени сериозно од македонската влада, треба да видиме. Според меѓународните експерти за човекови права, воените злосторства никогаш не застаруваат. Во Македонија се донесе закон за амнестија, кој според Стразбур треба да се укине. Интересно е дека писмото упатено до Ковачевски, е објавено кога тој се повлече од функцијата и на негово место дојде Талат Џафери, кој и беше припадник на ОНА-УЧК, добро би било да се произнесе владата, иако сега техничка по ова прашање. Лузните од војната или конфликтот не се затвоени сѐ додека не се испита одговорноста на секој што направил злосторства. Ова е дотолку повеќе итно со оглед дека се продлабочува јазот меѓу македонското и албанското население во Македонија, најмногу поради однесувањето на албанските политички лидери во земјата. Македонија, која сега е членка во НАТО, сигурно и со своето „слабо“ судство ако сака ќе може да направи нешто за ова.

Досега македонската влада не одговори на писмото на Мијатовиќ, а тоа веќе го направија премиерите на Хрватска и Словенија. Одговорт сигурно многу ќе каже за намерите и подготвеноста на политичарите од Македонија да се справат со нашето болно и блиско минато од 2021 година.
Општите препораки што се однесуваат на земјите од регионот се однесуваат на борбата против неказнивоста преку меѓународни и домашни судења за воени злосторства, потрагата по исчезнати лица, улогата што ја игра граѓанското општество, потребата за долгорочен меѓународен ангажман и на справување со сексуално и родово базирано насилство поврзано со конфликти.

– Сметам дека особено загрижува, во неколку земји, враќање на етнонационалистичкиот дискурс, негирање на воените злосторства и глорификација на воени злосторници од политички лидери и други влијателни општествени актери како што се медиумите, религиозните лидери и други јавни личности. Ова придонесува за нагло зголемување на говорот на омраза и меѓуетнички нетолеранција и сè понепријателска средина за бранителите на човекови права кои работат на справување со минатото. Во овој контекст, неопходно е да се нагласи дека справувањето со минатото не е потфат ориентиран кон минатото, кој некако би застанал на патот на земјите да одат напред, но напротив, тоа е предуслов за градење кохезивни, демократски општества засновани на почитување на човековите права и владеењето на правото – пишува Мијатовиќ.

Од поновите предизвици со кои се соочува регионот ги нагласува: зголемениот говор на омраза и дискриминација, слабоста на владеењето на правото, како и предизвици врзани со слободата на собири и граѓански простор, заканите за слободата на медиумите и родово базирано насилство.
Таа повика на итен фокус на меѓугенерациската димензија на справување со минатото, преку вклучување на младите луѓе и нивна подготовка да бидат компетентни за градење мирни, кохезивни општества преку интегрирано образование, вистинито учење на историја и инклузивна меморијализација. Другите важни препораки се обезбедување на поволна средина за бранителите на човековите права и зајакнувањето на регионалната соработка.

– Ја нагласувам одговорноста на националните власти во соодветните земји да преземат мерки за спречување на овие негативни случувања и да промовираат инклузивност и пристап заснован на човекови права за справување со минатото со цел вистински да се унапреди правдата и помирувањето меѓу луѓето. Во овој поглед, апелирам за обновени напори за судења за воени злосторства, репарации, потрага по исчезнати лица и барање вистина, што навистина би се фокусирало на потребите на жртвите – без разлика на нивното етничко потекло и со особено внимание на оние кои имаат тенденција да бидат заборавени – порачува Мијатовиќ.Мандатот на Дуња Мијатовиќ завршува на 31 март 2024, кога функцијата Комесар за човекови права на Советот на Европа ќе ја преземи Ирецот Мајкл О’Флаерти за наредните шест години.

    

Најново

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Sase Ivanovski

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каменуван автобусот на ,,Чкембари“ на излезот на Скопје, повредени се неколку лица

Sase Ivanovski

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Во наредните денови ќе се официјализира коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН

Sase Ivanovski

СИНА АЈКУЛА ТЕШКА 200 КИЛОГРАМИ Е УЛОВЕНА ВО БУДВА Ајкулата ќе биде препарирана и изложена во музеј

Sase Ivanovski

ОСПОРЕНИОТ ЗАКОН ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА СТАПИ НА СИЛА Украина ја намали и возраста за одење во војска

Sase Ivanovski

„СЕ ПРОБИВАА ТОЛКУ БРЗО, НЕМАШЕ КОЈ ДА ГИ СПРЕЧИ“ Русите ја преминаа северната граница на Харков

Sase Ivanovski

4 километри пепел на небото и виолетови молњи – еруптираше вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Sase Ivanovski

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од „Европскиот фронт“, тајните договори во подруми се неприфативи

Sase Ivanovski

Франција го обвини Азербејџан за поттикнување немири во Нова Каледонија

Sase Ivanovski

Андоновски: Министерството на Груби ќе се трансформира

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми и гаража, пожари на отворено

Sase Ivanovski

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski
Вчитувам....