-За потсетување, се работи за акција што албанската полиција ја реализира на почетокот на октомври 2013 година кога беа запленети 1.077 икони, артефакти, бронзени и други предмети, што потекнуваат од средниот век.
Меѓу запленетите икони беше утврдено дека 21 икона потекнуваат од македонските цркви и манастири. Доказите за извршените кражби на македонските културни добра, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со поддршка на Германската канцеларија за меѓународна помош ги достави до албанското обвинителство.По завршената тамошна постапка и деветгодишни административни преговори, минатата недела владите на двете земји се договорија по ратификација на Договорот иконите да бидат вратени во РСМ, велат од Обвинителството.