АД ЕСМ со своето производство целосно ги задоволува потребите на регулираниот пазар, односно домаќинствата и малите потрошувачи.
-Набавките на електрична енергија коишто ги прави ЕСМ Продажба се наменети за дополнителните снабдувања кои се вршат по задолженија добиени од Владата, според кои со дел од преостанатата произведена електрична енергија, а дел набавена, се снабдуваат по пониска цена количините за техничките загуби на енергија во мрежата на Електродистрибуција и во мрежата на МЕПСО, за да не дојде до покачување на крајната цена на струјата за граѓаните, се вели во соопштението. По одлука на Владата, со субвенционирана енергија, односно со значително пониски цени, се снабдуваат прехранбената индустрија, училиштата и водостопанствата. По препораки од Владата, ЕСМ Продажба по берзански цени, но со пониска маржа снабдува и одреден број витални објекти, како болници, клиники, детски градинки, министерства и други субјекти од значење за државата.