Како да познаеш албанофоб? Кога го нервира што Албанците се радуваат и при тоа си ги покажуваат своите етнички симболи. Нив ги нервира постоењето на Албанците и би сакале Албанците да се скријат некаде во шума во планините или да си влезат во Чаир да се згужваат таму во тоа сокачињата и ако може да не поминуваат преку камени мост за големите МАКЕДОНЦИ од Гоцевата Раса да заборават дека Македоња не е само на Македонците, да заборават овие големи македончишта дека Албанците постојат во земјава, затоа што нивното постоење тука е како диво месо, они би сакале земјава да биде чиста, ама кога веќе не е, барем да биде тоа во главата, во умот…
Затоа ги нервира секое славење на албанците и тоа за нив е АЗДИСАНОСТ, затоа што во оваа земја дозволено им е само на Македонците да слават, само тие смеат да веат огромни знамиња да гестикулираат со раце за ЦЕЛА ДА Е, а ако Албанците летаат орел тогаш тоа е национализам, шовинизам, фашизам, тероризам…Ако Македонците ја веат ГОЛЕМА МАКЕДОНИЈА до Солун, тоа е романтично, праведно, онака, симпатично а ако Албанците веат знаме од голема Албанија тоа е страшно, многу лошо, иако и двете се за осуда ако јас се прашувам.
Замислете Македонец да станеше премиер во Грција, Бугарија, Албанија или Србија, како ли само ќе се славеше во македонските средини и медиуми?! Тоа ќе беше невидена фешта, и со право. Ама Албанците не смееле да слават што конечно дочекаа нешто што е македонска верзија на феноменот ОБАМА, значи прв пат припадник на малцинство да стане премиер, најмоќната политичка функција во државата, тоа е триумф на она за што се бори македонската левица и либералите, па ако сакате и она на Заев, ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ, значи нема забранети функции за никого во земјава, и ова се случи со политика а не со војна, и тоа е за голем поздрав! Честитки за Талат Џафери и честитки за сите сограѓани Албанци, ова е голем историски успех од кој само добро ќе дојде во иднина.
Саше Ивановски Политико