35.8 C
Скопје
30/06/2025 16:04
МАКТЕЛ

   

Активности за ставање во функција на сите домашните капацитети за струја

      

Од 1 декември годинава ќе бидат ставени во функција сите производствени капацитети за електрична енергија со кои располага АД ЕСМ, најавува министерот за економија Крешник Бектеши. Тој уверува дека ќе нема никакви проблеми во снабдувањето и со електрична и со топлинска енергија. Се прават и калкулации за цената на струјата од 1 јануари, но Бектеши не очекува значително зголемување за домаќинствата и малите потрошувачи. Остануваат апелите за заштеда на струја од сите, кои кај државните институции во октомври изнесуваат 24 проценти.

-Граѓаните и компаниите да бидат спокојни нема да има никаков проблем во делот на снабдување со електрична енергија. Има план за производство и од 1 декември кога се зголемува потрошувачката ќе бидат ставени во функција сите капацитети кои ги поседува ЕСМ – трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, КОГЕЛ, целиот хидропотенцијал и Ветерниот парк во Богданци. Во земјава речиси се е под контрола и не се предвидени никакви рестрикции. Во континуитет сите потрошувачи ќе бидат снабдени со електрична енергија, почнувајќи од домаќинствата се до големите компании кои се на слободен пазар, рече вчера Бектеши. Како што информираше, подготвен е и се става во мрежа и вториот блок во РЕК Битола, со што ќе се намали количината на увоз на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар. Деновиве треба да пристигне трансформаторот за третиот блок во РЕК Битола по што во мрежа ќе биде ставен и тој блок. Првите делови од трансформаторот пристигнаа вчера. Доколку се намалат цените на дериватите, веднаш ќе биде вклучена во системот и ТЕЦ Неготино.

   

-Ако моментално го ставиме во функција ТЕЦ Неготино ќе биде поскапо да произведува електрична енергија отколку да се набавува од увоз. Поради цената на мазутот производствената цена на електричната енергија во ТЕЦ Неготино е околу 250 евра за мегават час што е поскапо од моменталните цени на енергијата што можеме да ја набавиме на отворен пазар за потребите на регулираниот пазар, посочи Бектеши. Енергетскиот биланс што го објави вчера Владата за претходното деноноќие покажува дека АД ЕСМ произвеле 8.529 мегават часови електрична енергија од кои во термоелектраните 7.320, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 1.209 мегават часови. Во тој период се набавени 4.580 мегават часови струја. Во меѓувреме, се прават калкулациите за цената на електричната енергија од 1 јануари, а ресорниот министер е убеден дека таа ќе биде намалена за малите потрошувачи. Во делот на домаќинствата ќе се проверува дали има потреба да се интервенира од страна на Владата кај втората или кај третата блок тарифа. За четвртата блок тарифа, министерот Бектеши најави дека ќе бара дополнително да се зголеми цената со цел, како што рече, тие што имаат најголема потреба од пониски цени да бидат покриени од тие што нерационално трошат, а со тоа и можат да го сносат тој товар.

Државните институции во октомври обезбедиле вкупна заштеда на струја од 24 проценти. Со одлука на Владата тие од 1 септември се обврзани месечно да обезбедат минимум 15 проценти заштеди на струја. Согласно податоците на Електродистрибуција за заштедата на електрична енергија административните згради на Претседателот на државата, Собранието, Владата, министерствата, АД ЕСМ, АД МЕПСО имаат остварено намалена потрошувачка на електрична енергија во просек од 29 отсто, што е повеќе споредено со вкупната заштеда од 20 отсто остварена во септември. Сите институции во октомври имаат најмалку за 15 отсто намалена потрошувачка на електрична енергија што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата. Најмала заштеда има кај Министерството за здравство од 18 отсто, а најголема заштеда има зградата на Министерство за образование до 58 отсто. Заштедата на електрична енергија на Владата изнесува 32 отсто, кај Собранието заштедата во октомври е 22, кај Кабинетот на претседателот на државата 24, кај административната зграда на ЕСМ заштедата е 25, а кај МЕПСО 22 отсто. Ако се земат во предвид податоците вклучително и на сите државни претпријатија, агенции и управи, нагласи, тогаш вкупната заштеда на електрична енергија изнесува 24 отсто.

Податоците за заштеда на електрична енергија кај општините кои имаа препорака да штедат покажуваат дека од 81 општина, 65 постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини со поголема од 50 отсто. Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15 отсто, а три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022, споредено со октомври 2021 година. Тринаесет општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15 отсто. Со одлука на Владата дел од компаниите од прехранбената индустрија, водостопанските претпријатија и основните и средните училишта од 1 декември ќе можат да се снабдуваат со струја по повластени цена преку „ЕСМ продажба“. Рокот за доставување на потребната документација истекува денеска, а апликации можат да достават околу 1000 компании. Целта на одлуката е да се спречи растот на цените на основните прехранбени производи, да се одржи сигурност и континуитет во снабдувањето со вода и да се обезбеди електрична енергија за училиштата за непречено одвивање на наставата во текот на целиот есенски и зимски период. Во делот на производството на толинската енергија до крајот на месецов се обезбедени потребните количини топланите Исток и Запад да работат само на природен гас, а приоритет, според ресорниот министер, е да не се користи алтернативно гориво.

-Во Законот е предвидено дека треба да има алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, а тоа може да биде мазут или дизел, но кога ќе се користи тоа секако дека треба да се запазат процедурите во државава и согласно со лиценцата да се стават во функција ако е потребно. За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за топланите Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на топланата Скопје Север има Инспекторат за животна средина доколку работат со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција, изјави Бекшети. Во случај топланите во Скопје да се префрлат на користење мазут или дизел според Бектеши ќе се следат сите процедури во делот на животната средина со Инспекторатот за животна средина, Министерството за животна средина и со другите надлежни институции.

   

Најново

Процесот на европската интеграција на Македонија не е само бугарското вето, вели Муртезани

Sase Ivanovski

Затвореник од „Идризово“ украл 550 таблети и телефони за време на викенд отсуство

Sase Ivanovski

Ново намалување на цените на горивата од полноќ

Sase Ivanovski

СДСМ: МВР во функција на партиски бизниси: милионскиот тендер доби советник на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центарци со позитивни реакции за реновирањето на култната сала „Работнички“

Sase Ivanovski

Мега скандал: ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува повикот за убиство и линч врз новинар од страна на Костадин Костадинов, институциите да реагираат

Sase Ivanovski

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДЕБЛОКАДА НА  ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Коленичењето е одлика на СДС, за да не им падне владата коленичеа пред ДУИ и молчеа за криминалот на Груби

Sase Ivanovski

„Хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапија“, велат од СДСМ

Sase Ivanovski

НАША ГОГА НА МАСА СО КРАЛОТ НА ШПАНИЈА И ШЕФОТ НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ: Со особена чест присуствував на приемот што го приредија Н. В. Кралот Фелипе VI и Кралицата Летиција во величествениот амбиент на кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО

Sase Ivanovski

ИРАНСКИ ВРХОВЕН ШИИТСКИ СВЕШТЕНИК ИЗДАДЕ „ФАТВА“ ПРОТИВ ТРАМП И НЕТАНЈАХУ Експерти ова го толкуват како повик на тероризам

Sase Ivanovski

УКРИНА ИЗГУБИ УШТЕ ЕДЕН Ф-16 ЗАГИНА УКРАИНСКИ ПИЛОТ ОТКАКО СОБОРИЛ 7 ДРОНОВИ Русија нападнала над 500 воздушни цели во најмасовниот удар досега

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛ НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА ВО ГАЗА, ТРАМП БАРА КРАЈ НА ВОЈНАТА Палестинците и ОН предупредуваат дека никаде во енклавата не е безбедно

Sase Ivanovski

Лазов: ДСЗИ е посветен на обезбедување на безбедни услови за сите граѓани

Sase Ivanovski

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

Sase Ivanovski

СДСМ: За една година ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска направија хаос во образованието

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Со оро и порака „Ќе ве блокираме додека не ги тргнете машините“ се протестираше за спас на Дошница

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Помина мандатот на Сашко Митовски, а освен скандали и празни ветувања, граѓаните не видоа ништо, време е за промени во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Масовна Парада на гордоста во Будимпешта, не успеа обидот на Орбан да ја забрани

Sase Ivanovski

Жена од Јапонија паднала од височина кај Канео

Sase Ivanovski

Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите за ангажирање образовни асистенти, децата со попреченост заслужуваат максимални услови!?

Sase Ivanovski

Судијата не знае да чита пресуди од Стразбур, преместете го да не ја брука државата: Апасиев за спорот меѓу Мицкоски и Петровска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е НАЈСТРАШНИОТ ЛИФТ ВО СВЕТОТ: Без врати, никогаш не застанува?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛИЈА ДИМОВСКИ СО НОВА ТЕОРИЈА ЗОШТО БУГАРИЈА СЕ ЛУТИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Sase Ivanovski

БОРИС ТАДИЌ: НИКОГАШ НЕМАЛО ПОГОЛЕМА КУКАВИЦА НА ВЛАСТ ВО СРБИЈА!

Sase Ivanovski

Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на дронови

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski

КОСТА КОСТАДИНОВ МНОГУ МУ СЕ НАЛУТИ НА ЛАТАС ШТО МУ ГО НАВРЕДИ ТАТКОТО КОЈ Е ПОЧИНАТ

Sase Ivanovski

Сончево и ветровито со температура до 37 степени

Sase Ivanovski

Не е важно колку заработувате: Оваа финансиска навика е клучот до среќата и внатрешниот мир

Sase Ivanovski

Ешерихија коли „демне“ во базените: Ова мора да го знаете доколку планирате да пливате

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Sase Ivanovski

На денешен ден – 30 јуни: Во Скопје била изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно

Sase Ivanovski

„ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОДИНИ НА ГРЧКА ГРАНИЦА СО ЧЕКАЊЕТО ПО 10 СААТИ Е НАДВОР ОД УМОТ!“Македонец со апел, бара поддршка за решавање на проблемот со чекањето на Евзони!

Sase Ivanovski

(Видео) Коли без таблички пред влезот на кочанската полиција за „одбрана“ од мајките што протестираат?!

Sase Ivanovski

Трагедија во Италија: Се удави 10-годишно девојче со потекло од Македонијa

Sase Ivanovski

Небезбедно Охридско пристаниште – капетаните предупредуваат на сериозни ризици за патниците и бродовите

Sase Ivanovski

ВЈТ Белград: Приведени осуммина подготовувале напади врз државни институции; Блокади на граѓани низ цел Белград

Sase Ivanovski

(Видео) Незаборавна вечер под ѕвездите: „Massive Attack“ приреди музички ритуал во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski

Пациентка со рак на бели дробови се жали дека за неа нема терапија на Онкологија

Sase Ivanovski

Петровска до Мицкоски: Не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште, среќна нова 1949

Sase Ivanovski

Големи пожари беснеат кај Прилеп и Новаци

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Баерн во натпревар со шест гола го победи Фламенго и закажа пресметка со ПСЖ

Sase Ivanovski

Телефонски разговор меѓу шефовите на ЦИА и на руското разузнавање

Sase Ivanovski

Кисела Вода славеше роденден со рекордна посетеност – Ѓорѓиевски: Ова е само увертира на она што следува

Sase Ivanovski

Пожар кај селото Јосифово, хеликоптер на МВР на помош на пожарникарите

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ВЕТУВА СТРОГА КАЗНА БЕЗ ПОМИЛУВАЊЕ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ Брнабиќ вели дека студентите повикале на граѓанска војна и на убивање на Србија

Sase Ivanovski

Јаневска: Ако сакате добра оценка, мора да учите

Sase Ivanovski

Димитриевски очекува победа во сите општини каде ЗНАМ ќе има кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ИЗЛЕГУВА ОД КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ На локалните избори ќе оди со владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Семеен ден во Парк „Македонија“ – дел од богатата програма на Културното лето во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ: Оставете не да си ја тераме нашата македонска работа, на македонски начин

Sase Ivanovski

Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците

Sase Ivanovski

ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ: Осврт кон настапот на Massive Attack на Skopje Calling 2025 – аудиовизуелна инјекција на совест и звук

Sase Ivanovski

Два, од трите ,,ер трактори”, се уште се на сервис, пензионираните двајца пилоти повторно ќе бидат во првата ,,борбена линија”

Sase Ivanovski

(Видео) Гори куќа во Кочани

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди-Македонија ќе стане земја што извезува електрична енергија, исплата на субвенции во земјоделството и нови инвестиции во Тетово

Sase Ivanovski

Шефот на руското разузнавање, Сергеј Наришкин, телефонски разговараше со шефот на ЦИА, Џон Ратклиф

Sase Ivanovski

Вучиќ паѓа, и ние со него?!

Sase Ivanovski

Орбан: Парадата на гордоста е одвратна и срамна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: СТРУМИЦА Е БУГАРСКИ ГРАД

Sase Ivanovski

МЗШВ: Продолжуваме со исплата на субвенции во земјоделството и инвестиции во сточарството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Кога би бил од богата фамилија никад не би се бавел со новинарство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС ГО ОБВИНИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ЗА ТЕЖОК КРИМИНАЛ

Sase Ivanovski

Кирил Џајковски приреди музички спектакл во НОБ: Емоции, овации и незаборавна вечер

Sase Ivanovski

Тошковски го отвори Европското првенство во џудо за кадети – потпишан и меморандум за разбирање за соработка и обука на полициските службеници

Sase Ivanovski

КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, АРХАНГЕЛ, МИЗАР, ФОЛТИН, ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ, САРС, ПАРКЕТИ НА Д ФЕСТИВАЛ: Славиме јубилејно 15. издание со СЛОБОДЕН ВЛЕЗ за целата тридневна програма на Д Фестивал 2025! Придружи ни се ОВОЈ ВИКЕНД, од 4 до 6 јули во Штип!

Sase Ivanovski

АЦО МЕЧКА СО ПОРАКА ДО ЛАТАС: Не сум нервозен, само сум разочаран оти те излизгаа! Пази се!

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ДЕМАНТИРА ДЕКА МУ НУДЕЛА МИТО НА ЛАТАС: Фарбаниов го знам само од телевизија!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Кога ќе и истече мандатот на Данела, ќе има ревизија на нејзината работа и можно е да заврши во затвор

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја укина забраната за испраќање мигранти во земји од кои не потекнуваат

Sase Ivanovski

Николова: Хаос со актите во образование, се бара училиштата да работат спротивно на Закон

Sase Ivanovski

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини

Sase Ivanovski

Судот во Стразбур ја казни Унгарија за колективно протерување на мигранти преку Србија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања, време е за промени и одговорно водство

Sase Ivanovski

Српска „сачекуша“ ги сочека студентите во Белград

Sase Ivanovski

Ослободен е македонскиот камионџија кој беше уапсен по несреќа кај Солун во која загинаа татко и син

Sase Ivanovski
Вчитувам....