Специјалниот известувач на ОН за окупираните палестински територии Франческа Албанезе денеска изјави дека кон Израел мора да се применат дипломатски и политички санкции. Таа додаде дека ништо не ја спречува членката на ОН да ги почитува меѓународните закони, како и дека државите имаат обврска да не помагаат на земја „која секој ден врши злосторства“.
“Државите мора да ги спречат оние кои продолжуваат да го снабдуваат Израел со оружје, а оние кои купуваат воена опрема и безбедносни услуги од Израел, исто така, мора да бидат запрени“, изјави Албанезе за Ал Џезира