Албански државјанин бил приведен вчера на граничниот премин Долно Блаце откако му недостигале страници во неговиот пасош.
„Вчера во 09.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле Ш.Е.(20) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостигаат страници“, информираат од МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.