Денес во посета на Општина Штип беше Александар Николоски, Министер за транспорт и Потпретседател на Владата. Заедно извршивме увид во градежните активности на улица “АСНОМ”, која беше реконструирана со помош на министерството и воедно најавивме дека сите улици во населба “Леваци” ќе се реконструират со претходна промена на подземните инсталации.
Во Штип ќе се инвестира како никогаш до сега, а за населба “Леваци” веќе се обезбедени средства за изведба и реконструкција на водовод и канализација на улиците „АСНОМ“, „Боро Милевски”, ” Рудо“ и „Христијан Карпош“. – Иван Јорданов – Градоначалник на Штип.