-За првпат Али ги стави старите „учки – кадри“. Тука се: Муса Џафери, Блерим Беџети, претходниот спикер – сегашен премиер… Тие веќе не ти градат парламентарна кариера.
Тие луѓе нема да поднесуваат акти, тие ќе си спијат, ќе доаѓаат само за гласање… Младата екипа негова – младите орлиња му ги нема на пратеничката листа, нема кој да му ја води парламентарната група и тие ќе се изгубат комплетно. Мислам дека стратешки погреши и веќе сфатија дека е пуштен низ вода, додава Апасиев.Според него, добро е за државата ДУИ да оди во опозиција, но вели „овие кои доаѓаат се уште полоши“.