АНАСТАСОВ: Заврши асфалтирањето на улицата Марко Цепенков во населба Калниште, Пробиштип 12/07/2024 10:45 Со изградбата на оваа улица го решаваме проблемот на жителите од овој дел од градот и отвараме можност за изградба со намена индивидуално домување. Изградбата на оваа улица е реализирана со средства во висина од 1.5 милиони денари од буџетот на општина Пробиштип. Општина Пробиштип продолжува да работи за подобри услови за сите граѓани.