Општина Ѓорче Петров за учебната 2024/2025 година обезбеди ранче и прибор за секое прваче.
Како и минатите години, повторно им излеговме во пресрет на родителите кои имаат прваче, со што на овој начин, финансиски им олеснивме во однос на трошоците кои ги имаат за нивните ученици.
На овој начин повторно покажуваме грижа и за нашите најмлади граѓани кои возбудено го чекаат првиот школски час.
Летниот распуст го искористивме за санација на делови од училиштата каде што имаше потреба од интервенција. Последно, ги обновивме ѕидните површини на ООУ “Мирче Ацев”.
Целосно сме подготвени за старт на нова учебна година во сите основни училишта
Остануваат уште неколку денови летен распуст. Драги дечиња и родители, искористете ги максимално последните денови од летото- Градоначалник Александар Стојкоски.