Малата информираност и знаењето за функционирањето на берзата и за користењето на хартиите од вредност, како и последиците од здравствената, енергетската и економската криза се основните причини за неизлегувањето на македонските компании на берзата, е главниот заклучок на тркалезната маса што ја организираше Македонска берза. Сепак, учесниците на трибината посочија дека е идеално да се вклучи пазарот на капитал во финансирањето на македонските компании.
-Кај нас не се излегува на берзата или од многу знаење што ги очекува таму или од многу незнаење. Перцепциите се ако се продава фирма дека не и оди, затоа мора многу и на тоа да работиме. Прашање е и дали има добра понуда, бидејќи сме многу мал пазар, рече Ангеловска.