МАКТЕЛ

    

Апелација му „подари“ слобода на возачот кој на пешачки премин го усмрти малиот Иван Билински, Обвинителството бара Врховен да ја запре неправдата

      

За смртта на 15-годишниот Иван Билински, кој во 2014 година беше прегазен и усмртен на пешачки премин кај Млечниот ресторан во Скопје, осудениот возач не одлежа ниту еден ден во затвор. Апелација, откако претходно му ја намали казната на 2 години и шест месеци на обвинетиот Џенис Мекиќ, неодамна му го прифати и барањето за ново судење, кое доколку биде дозволено и од последниот судски филтер, Врховниот суд, ќе значи и автоматска слобода за Мекиќ, бидејќи делото е застарено во ноември, минатата година. Ваквата скандалозна ситуација се обидува да ја спаси Обвинителството кое поднесе жалба до Врховниот суд. Мекиќ во 2017 година беше осуден на 2,5 години затвор, Апелација ја потврди казната, но Врховниот суд во 2019 ја поништува пресудата, поради пропусти во постапката. Одбраната цело време тврдеше дека друго возило, а не „туарегот“ на Мекиќ ја предизвикало сообраќајката. На новото судење, Мекиќ не се појавуваше на рочиштата, беше недостапен за органите на прогонот. Во 2023 скопскиот Кривичен суд, во отсуство, го осуди на 4 години затвор, но Апелација мериторно одлучи да ну ја намали казната на 2,6 години, а Врховен ја потврди пресудата. Сега пак, на барање од осудениот, Апелација му одобрува ново судење, кое доколку не биде запрено од Врховниот суд ќе значи и слобода за Мекиќ. На оваа барање се противи Вишото скопско обвинителство, односно обвинителката Фатиме Фетаи која го добила предметот за работа.

„Имено, неспорно е дека осудениот во текот на постапката пред Основниот суд Скопје 1 Скопје беше достапен и му се судеше во присуство, за подоцна кога постапката повторно се водеше пред првостепениот суд истиот стане недостапен на органите на прогон (што упатува на тоа да тогаш обвинетиот јасно покажа дека сака да одбегне кривичен прогон), причина на што му се судеше во отсуство. Исто така, во отсуство се водеше и постапката пред Апелациониот суд Скопје, по чие завршување беше донесена мериторна одлука со која истиот беше осуден на казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци, а во чие времетраење се направија неколку обиди за доставување на писмена до осудениот токму на адресата која сега тој ја наведува во барањето за повторување на постапката, меѓутоа, на таквата адреса доставуваните писмена од страна на осудениот не беа примени“, пишува вишата обвинителката Фатиме Фетаи во поднесената жалба. Таа тврди дека не се исполнети законските услови за повторување на судењето. Во конкретниот случај, нема ниту еден доказ дека постојат услови на осудениот Џ.М. да му се суди во негово присуство, тврди обвинителката. „На овој начин,лице кое е осудено во отсуство може и додека е во странство (недостапно на органите на прогон) да дознае за пресудата со која е судено во отсуство, да поднесе барање за повторување на постапката, судот да му го дозволи тоа, како што е направено во случајов и повторно да биде недостапно. Во такви околности, во зависност од предвидените рокови за застареност на кривично гонење, дозволувањето за повторување на постапката може да резултира само со нов почеток на кривичната постапка, констатирање на настапена застареност и завршување на постапката без кривична одговорност, што секако не била интенција на законодавецот кога го предвидел институтот Повторување на постапката на лице судено во отсуство, во смисла на чл.456 ст.1 од ЗКП“, навел обвинителката Фетаи.

Исто така, според јавниот обвинител, Врховниот суд на Република Северна Македонија при одлучување по оваа жалба, неопходно е да го има предвид целиот тек и динамика на постапките кои се воделе пред Основниот кривичен суд Скопје и пред Апелациониот суд Скопје, кои покажуваат дека интенцијата на осудениот со барањето за повторување на кривичната постапка е одбегнување на издржување на затворска казна за дело во кое животот го изгуби млада личност. Обвинителката во жалбата го аргументира и делот дека осудениот без ниеден доказ во прилог навел дека ќе биде достапен на истата адреса на која претходно не бил достапен во текот на кривичната постапка. Оттука, за јавниот обвинител неспорно е дека единствено кон што се цели со поднесеното барање за повторување на предметната кривична постапка и што се дозволува со донесеното решение на Апелациониот суд Скопје е одбегнување осудениот да ја издржи казната затвор за сериозно кривично дело со смртни последици. „Крајно, однесувањето на осудениот кој првично беше достапен на органите на прогон, знаеше какво кривично дело извршил и без трошка каење за стореното, со години беше недостапен на органите на прогон, па потоа во моментот кога знае дека поради роковите на застареност ќе се спаси од издржување на казна затвор се појави со барање за повторување на кривичната постапка со неиздржани аргументи, не оди во насока на исполнување на она на што пред се инсистира законодавецот, а тоа е остварување на правдата“, потенцира Фетаи. Таа од Врховниот суд побара решението на Апелациониот суд Скопје да го преиначи и да го одбие барањето за повторување на кривичната постапка спрема осудениот. Станува збор за случај, добро познат за јавноста. Роднините на жртвата со години ја бараа правдата во судските лавиринти, за сообраќајката во близина на Католичка црква во Скопје, кога на 15 ноември 2014 година, 20-годишниот Џенис Мекиќ, управувајќи со џип со голема брзина, го прегазил 16-годишниот Иван Билински. Момчето по ударот итно бил пренесено во Ургентниот центар, каде им подлегна на повредите.

   

  

Најново

Приведен крадец во Гостивар, дел од украденото пронајдено и вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Таравари: Десет пациенти денеска ќе бидат пуштени дома, нема повеќе упатувања во странство

Sase Ivanovski

Финансиска полиција: Активно сме вклучени во акцијата за проверка на кабареата, дискотеките и ноќните клубови

Sase Ivanovski

„Призма“: Благи казни за фалш кабаре-лиценци и за неодговорни инспектори

Sase Ivanovski

УНИЦЕФ: Најмалку 200 деца се убиени во Газа oткако Израел ја обнови војната оваа недела

Sase Ivanovski

Општина Гостивар доделува 1 милион денари за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Египет

Sase Ivanovski

Митева: Владата во целост ги покрива трошоците, финансиска поддршка за сите семејства

Sase Ivanovski

МОН: 100 психолози вклучени во зајакнатата психосоцијална поддршка на учениците

Sase Ivanovski

ФБИ агент кој што бил дел од правниот прогон на Руди Џулиани, е уапсен од страна на административец назначен од Трамп

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Информација за учество на возило од Армијата во сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

Израелската армија на 19 март објави дека започнала „прецизна“ копнена операција во централниот и јужниот дел на Газа за проширување на тампон зоната што ги дели северот и југот

Sase Ivanovski

Каде се лекуваат македонските пациенти…

Sase Ivanovski

Во кои случаи Македонија го активираше механизмот за цивична заштита на ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Инциденти и апсења на протестите во Турција за поддршка на Имамоглу

Sase Ivanovski

Непрописно одлагање градежен отпад од Општина Центар

Sase Ivanovski

Митева: ДПИ до сега има записник од 82 контроли, голем број на издадени решенија за забрана за вршење на дејноста

Sase Ivanovski

Советот на Општина Чаир усвои 1 милион денари за семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведени тројца дилери од Валандово и Богданци, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николоски: Министерството за транспорт со обемни контроли на лиценците, проверени над 640 лиценци

Sase Ivanovski

Нетанјаху обвинет дека побарал од поранешниот шеф на Шин Бет да изврши „нелегитимни дела“

Sase Ivanovski

Изготвени решенијата за данок на имот, уплатата се врши онлајн или физички

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против фирма од Струмица и управителот за даночно затајување

Sase Ivanovski

Ајатолахот Хамнеи му се закани на САД дека ќе добие „тешка шлаканица“ доколку го нападне Иран

Sase Ivanovski

ХАМАС ИСПУКА РАКЕТИ КОН ТЕЛ АВИВ Израел започна копнена операција во Газа

Sase Ivanovski

Нема потреба никој да собира пари, лекувањето 99 отсто е бесплатно, вели Таравари

Sase Ivanovski

Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани транспортирани во Шведска

Sase Ivanovski

Орбан ја блокира заедничката изјава на ЕУ за Украина:„Нема да дозволиме унгарските семејства да ја платат цената на војната“

Sase Ivanovski

Таравари: Десет пациенти ќе бидат пуштени од болница

Sase Ivanovski

Министерството за дигитална трансформација апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници

Sase Ivanovski

Сопругата на Бектеши: Уапсен е за оттргнување на вниманието, тој не бил причина за пожарот, сакаат да ја префрлат вината

Sase Ivanovski

Сите луѓе на Кочани кои требало да знаат за дивата дискотека

Sase Ivanovski

ТИЈАНА ОТКРИВА ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ПАНЧО: Бил надвор од животна опасност

Sase Ivanovski

АКО ПОСТОИ АЛБАНЕЦ КОЈ СЕ РАДУВА НА ОВАА ТРАГЕДИЈА, ТОЈ НЕ Е АЛБАНЕЦ, ТОЈ НЕ Е ЧОВЕК: Уредникот на ТВ 21 тврди дека огнометот е провокација

Sase Ivanovski

ХИДРАНТИ НЕМА, ЦРЕВАТА НИ ГИ КРАДАТ, ПА МОРА ДА ГИ ЧУВАМЕ ЗАКЛУЧЕНИ: Не дај боже во зграда да избие пожар, пола ден ќе се бара каде е клучот

Sase Ivanovski

Изградба на пречистителна станица во Скопје: Пари досега само за „раздвижување“

Sase Ivanovski

По трагедијата во Кочани, Бугарија ќе ги проверува сите ноќни клубови во Бугарија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Цел Истанбул на нозе поради апсењето на Градоначалникот

Sase Ivanovski

(Видео) Голем пожар во трафостаница во Лондон, илјадници домови останаа без струја

Sase Ivanovski

СРБИТЕ МАСОВНО ДАРУВААТ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ СЕ ЛЕЧАТ ВО НИШ И БЕЛГРАД

Sase Ivanovski

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СПРОВЕДУВА ЗАСИЛЕНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Sase Ivanovski

Уапсен државјанин на Турција – криумчарел мигранти од Египет

Sase Ivanovski

Угостителите во Карпош да си ги подготват документите, инспекторите тргнаа во контрола

Sase Ivanovski

Сергеј Шојгу во Северна Кореја на средба со Ким Јонг Ун

Sase Ivanovski

Истрага за 27 физички и 3 правни лица за пожарот во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Притвор од 30 дена за 13 осомничени за трагедијата од Кочани – меѓу нив Бектеши, Трајковски, Максути

Sase Ivanovski

Зошто Европа и светот молчат за студентските протести во Србија?

Sase Ivanovski

Во САД егзекутирани двајца осуденици на смрт, едниот убил 8-годишно девојче

Sase Ivanovski

Грците ќе го проверуваат патот на субвенциите од 1986 година до денес!

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Хитроу затворен, пожар во трафостаница го остави лондонскиот аеродром во мрак

Sase Ivanovski

Тимот за интервенции во кризи на Комората на психолози на состанок со пожарникарите во Кочани кои учествувале во гасење на пожарот

Sase Ivanovski

Блумберг: НАТО ќе побара од Европа и Канада да ги зголемат воените капацитети за 30 отсто

Sase Ivanovski

ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување на повредени од Кочани

Sase Ivanovski

Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ евакуирани 38 повредени од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Додик: Или нов договор или да се разделиме

Sase Ivanovski

Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински беспилотни летала

Sase Ivanovski

Израел го смени шефот на тајната служба кој ги истражуваше корупциските скандали на Нетанјаху

Sase Ivanovski

Најмалку 85 лица загинаа во синоќешните напади во Газа

Sase Ivanovski

Хуманитарен концерт „Без зборови“ на Филхармонијата на 27 март

Sase Ivanovski

Половина од село Сопиште без вода поради дефект

Sase Ivanovski

РУСИЈА НАЗНАЧИ ПРЕГОВАРАЧИ ЗА УКРАИНА Еве кои луѓе ќе зборуваат во името на Путин

Sase Ivanovski

СТАБИЛНО И СОНЧЕВО, НО НАУТРО СТУДЕНО Еве какво ќе биде времето денеска

Sase Ivanovski

Кочани ќе биде лидер на отпорот како што е лидер во тагата

Sase Ivanovski

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 6.500 се повредени во прославата на „огнениот фестивал“ во Иран

Sase Ivanovski

Сум наоѓал брашно наместо прашок во противпожарни апарати, вели Стојчевски од Здружението на инженери за заштита

Sase Ivanovski

Тортевски: Сега на најскап начин плаќаме за нашето „имам човек“ и „знаеш ли кој сум јас?“

Sase Ivanovski

Меџити ветува правда за Кочани, но и за „Беса транс“, модуларната болница и Ласкарци

Sase Ivanovski

Кина егзекутираше четворица Канаѓани, што предизвика огромен меѓународен гнев

Sase Ivanovski

Побаран 30 дневен притвор за Крешник Бектеши

Sase Ivanovski

Томовски: Досега покриени трошоци за 142 лица од семејства на повредени од пожарот на лекување во странство

Sase Ivanovski

Лидерите на ЕУ се согласија за мобилизирање на 800 милијарди евра за одбраната во следните четири години

Sase Ivanovski

Клековски: В понеделник првите враќања на пациенти кои се лекуваа во странство, го дефинираме планот за следните фази на рехабилитација

Sase Ivanovski

Франција на граѓаните им испраќа „прирачник за преживување“ во случај на војна

Sase Ivanovski

Клековски: Македонското здравство максимално пожртвувано го прифати првиот бран на сите повредени пациенти

Sase Ivanovski

Кумановец загина при експлозија на плинска боца

Sase Ivanovski

Британските разузнавачи објавија шокантни бројки за загинати руски војници

Sase Ivanovski

Србија и Унгарија ќе склучат воен сојуз, пишуваат српските медиуми

Sase Ivanovski

Спокој за настраданите

Sase Ivanovski
Вчитувам....