24.8 C
Скопје
07/05/2025 16:36
МАКТЕЛ

     

(АРХИВА) Вевчанската компанија на семејството Мукоски наплатила 1,5 милион евра од ПУИК со дампинг-цени за одржување објекти!

      

Речиси секогаш кога друштвото ги добивало тендерите, се проблематизирала големата разлика во цени. Всушност, тоа го констатирала и Комисијата за јавни набавки и нивни членови, кои утврдиле значителни отстапувања меѓу ориентационите и понудените цени. „Фокус“ располага со детални листи, кои откриваат фрапантна дискрепанца меѓу цените, што на крајот очигледно било занемарено. Министерството за транспорт деновиве информираше дека одзеле 467 лиценци од вкупно над 3.100 лиценци издадени во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, а на оваа листа се најдоа и две вевчански компании, кои се поврзуваат со семејството на поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски. Поточно, без А лиценците за изведба на градби од прва категорија останаа компанијата „Атриум“ на Бобан Мукоски, брат на Крсто Мукоски, како и друштвото „Виа Инжинеринг“ на Цветомир Угриноски и Милан Угриноски, кои се роднински поврзани со браќата Мукоски. Пред 2 години, неделникот „Фокус“ пишуваше како „Атриум“ склучил договори за тековно одржување со АД за стопанисување со станбен и деловен простор вредни 1,5 милиони евра. Обемната документација откри дека речиси секогаш кога друштвото ги добивало тендерите, се проблематизирала големата разлика во цени, што го констатирала и Комисијата за јавни набавки, која утврдила значителни отстапувања меѓу ориентационите и понудените цени. Што точно покажа нашето истражување? Пишувал: Влатко СТОЈАНОВСКИ

По долги најави, конечно почна собраниската дебата за уставни измени, со кои треба да се внесат Бугарите во Преамбулата, како услов за да ги отвориме преговарачките поглавја со ЕУ. Арно ама, до гласање воопшто не дојде, од причина што власта не може да го обезбеди потребното двотретинско мнозинство, поради отпорот на опозицијата. Па така, гласањето ќе чека подобри времиња, доколку се создадат услови за широк политички консензус, или, пак, доколку се репризира сценариото со Преспанскиот договор со Грција. За потсетување, не така одамна беше променето уставното име на државата со помош на опозициски пратеници, кои постапија спротивно од партиската позиција и директива. Еден од осумтемина опозициски пратеници, кои своевремено ги поддржаа и практично овозможија уставните измени, беше поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски. Иако дотогаш важеше за еден од, условно кажано, најтврдокорните вмровци, сепак, на крајот реши позитивно да одговори на повикот на тогашниот премиер Зоран Заев за национално помирување и да гласа за „Северна, со цел членство во НАТО. Всушност, ова т.н. национално помирување за повисоки цели беше маска за пазарот што се одвиваше зад сцената. Но, што точно се случувало во заднина стана јасно кога Мукоски, но и други опозиционери што ги поддржаа уставните промени, беа амнестирани од кривична одговорност за нивните улоги во крвавиот упад што се случи во парламентот на 27 април 2017 година. Како што е познато, Мукоски беше опфатен со обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредок, бидејќи ја отвори главната порта на Собранието, низ која влегоа демонстрантите, од кои дел потоа дивееја низ собраниските ходници и простории и напаѓаа пратеници од новото парламентарно мнозинство. Некои од нив дури беа и тешко повредени. Затоа, по изгласувањето на уставните измени, оние што не ги фати амнестијата и сѐ уште лежат во затвор, како и нивните правни застапници, коментираа дека никогаш не би можеле да влезат во Законодавниот дом и да го направат делото за кое беа осудени, доколку претходно не била отворена вратата. А, еден од оние што го стори тоа беше токму Мукоски. Сега, пак, во актуелниот политички контекст се прават анализи дали ќе се најде некој нов Крсто во опозицискиот табор, кој ќе се отклони и ќе стисне зелено копче за внесување на Бугарите во Уставот. Засега тоа оди тешко, бидејќи, меѓу другото, нема обвинет вмровски пратеник кој би бил амнестиран во замена за глас во Собранието. Во оваа сторија нема да се занимаваме со процесот на уставни измени, туку тоа беше еден општ вовед пред да ги изнесеме информациите и податоците до кои дојдовме за вевчанската компанија на семејството на споменатиот Мукоски, која добиваше вредни тендери за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа продолжи да се случува и во време на СДСМ, особено по неговото гласање за промена на Уставот. Во меѓувреме, за дел од овие постапки се води истрага! КОНФЛИКТ, ПОМИРУВАЊЕ, ПА КРИВИЧНА

   

Набргу по политичките промени кон средината на 2017 година, што се случија веднаш по „крвавиот четврток“, новата власт предводена од СДСМ влезе во, условно кажано, конфликт со семејната компанија на Мукоски. Станува збор за друштвото „Атриум“, кое, според Централниот регистар, е основано во 1994 година со седиште во Вевчани. Денес, тоа е во сопственост на братот на Крсто Мукоски – Бобан Мукоски, а до неодамна содружник бил и нивниот татко Милан Мукоски. Инаку, тогашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски обвини дека „Атриум“ склучил договор кој предвидувал варосување на помошни простории во „Телеком Арената“ за 10 евра од квадрат, непосредно пред одржувањето на фудбалскиот Суперкуп, кога во Скопје се соочија фудбалските гиганти Реал Мадрид и Манчестер јунајтед. Наспроти тоа, сопственикот и управител на „Атриум“, Бобан Мукоски, брат на експратеникот Крсто Мукоски, реагираше дека не се точни тврдењата на Рашкоски. Според него, цената не била 10 евра, туку 180 денари за квадратен метар, во што било вклучено и чистење, подготовка, бојадисување, крпење… Оваа јавна конфронтација меѓу Рашковски и „Атриум“ траеше сѐ додека Крсто Мукоски не гласаше за промена на Уставот, како дел од 8-члената група од тогашната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ. Цела постапка за уставни измени заврши на крајот на 2018 и почетокот на 2019 година, по што, случајно или не, „Атриум“ продолжи да работи на јавни проекти. Главно, се работи за договори за јавна набавка, т.е. за рамковни спогодби што вевчанската компанија ги склучуваше со АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката. Тие се однесуваа на тековно и инвестиционо одржување на објекти во сопственост на акционерското друштво во државна сопственост, кое своевремено беше познато како ПУИК. Во периодот кога Мукоски беше во „немилост“ на власта, пред да ја поддржи промената на Уставот, Владата побара Министерството за внатрешни работи да спроведе истрага за тендерите што ги добил „Атриум“, која за само 3 и пол години (2014-2017) склучила договори со ПУИК во вредност од 3,5 милиони евра. Во тоа време, владата изразуваше сомнеж дека бил оштетен буџетот на државата. Постојат индиции дека се користени дампинг цени за стоки и услуги што не биле користени и за кои реално немало потреба, иако биле наведени во техничките спецификации. Исто така, постојат индиции дека „Атриум“ доставувала понуди со нереални поединечни цени кои повеќекратно се разликуваат од пазарните цени и услуги кои биле користени по склучување на договорите“, стои во дописот на владиниот Генерален секретаријат до МВР испратен во 2017 година.

Но, со години немаше никаков епилог од истрагата, туку напротив – „Атриум“ продолжи да добива тендери и за време на владата на Заев. Поточно, ситуацијата беше статус кво сѐ додека не се случија политички промени по поразот на СДСМ на локалните избори, кога нов партиски лидер и воедно премиер стана Димитар Ковачевски. Иако не мора да значи дека има некаква поврзаност, факт е дека една година по овие промени, како и 6 години по владиното барање за истрага, стигна абер од МВР. ПРОТИВПРАВНА ИМОТНА КОРИСТ. Како што соопшти полицијата пред неколку месеци, кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување заработиле поранешниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со уште 9 вработени. Неофицијално, Грозданов води неколкугодишен судски спор за разрешувањето од директорката позиција, по што остана и без работно место во државната компанија. Иако МВР информираше дека тие во периодот од 2012 до 2019 година му овозможиле на „економски оператор од Вевчани“ да стекне противправна имотна корист од над 44 милиони денари или 725 илјади евра, преку тендерски постапки за тековно одржување спроведени спротивно на Законот за јавни набавки, сепак, со кривичната не е опфатено одговорно и овластено лице од „Атриум“, кое во ситуацијава е управителот Бобан Мукоски. И покрај тоа што знаеле дека понудата на економскиот оператор од Вевчани за најголемиот дел од услугите што се барале во спецификација содржела невообичаено ниски цени, не побарале писмено објаснување и спровеле постапка за јавна набавка за изведба на градежни, градежно занатски, инсталатерски и други работи за тековно и инвестиционо одржување на станбениот и деловниот простор и други објекти со кои стопанисува АД“, посочуваат од МВР. За да провериме на каков начин се спроведувале овие постапки, од акционерското друштво, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ја побаравме целокупната документација од тендерските постапки од 2012 година досега, во чии рамки државната компанија склучила договори со „Атриум“. Од таму ни доставија обемна документација од сите тендери, со исклучок на периодот што го посочи МВР од 2012 до 2016 година. „Информацијата за договорите за јавна набавка склучени од 2012 до 2016 година согласно член 6 став 5 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се со исклучок од слободен пристап, затоа што се информации што се составен дел од истрага, кривична или прекршочна постапка, за спроведување на управна и граѓанска постапка, а чие давање би имало штетни последици за текот на постапката“, стои во образложението на АДИССДП. Впрочем, овој одговор недвосмислено потврдува дека полицијата го сомничи Грозданов и други вработени на ПУИК за договори склучени токму со „Атриум“ на семејството Мукоски во наведениот четиригодишен период. Како и да е, од документите што ги добивме за другите договори меѓу двете страни јасно може да се види дека речиси секогаш кога вевчанската компанија ги добивала тендерите за тековно одржување, се проблематизирала големата разлика во цени.

Според Бирото за јавни набавки, државната компанија има склучено десетина договори со „Атриум“, од кои дел се однесуваат токму на тековно и инвестиционо одржување на објектите во сопственост на ПУИК, каде што се забележува огромната дискрепанца во цени за разни ставки. Останатите договори се однесуваат на изградба на сосема нови објекти на разни локации, но тие постапки ќе ги обработиме во посебна сторија. Од информациите со кои располагаме, произлегува дека во последната деценија ПУИК и „Атриум“ склучиле низа рамковни спогодби, но тие не биле исцрпени во целост. Конкретно, во 4-годишниот период од 2012 д 2016 година биле склучени спогодби во вкупен износ од над 2 милиони евра, а биле исплатени средства од 1 милион евра, што значи реализацијата била 50 отсто. Според МВР, противправната имотна корист што ја остварила вевчанската компанија во овој период била 725 илјади евра, што е еднакво на околу 3 четвртини од исплатените средства. ПОДЕЛЕНА КОМИСИЈА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ. Дополнително, за истата намена во 2018 година биле предвидени 683 илјади евра, а искористени биле околу една третина, односно 223 илјади евра. И, во 2021 година биле предвидени вкупно 645 илјади евра, додека, според официјалните податоци, искористени биле 311 илјади евра. Севкупно, од 2012 година досега двете страни склучиле спогодби вредни 3,3 милиони евра, но реализирани биле договори од 1,5 милион евра, колку што наплатил „Атриум“. Да одиме по ред. Прво, двете страни склучиле договор за тековно одржување во април 2013 година во износ од 26,5 милиони денари. На почетокот на следната 2014 година, поточно во февруари, склучиле уште еден помал договор за дополнителни работи во вредност од 7 милиони денари. Овој договор не бил склучен во отворена постапка, туку по пат на преговори без претходно објавување на оглас поради итност. Подоцна во текот на истата година, поточно во октомври, бил склучен нов договор тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува ПУИК, чија вредност изнесува нецели 36 милиони денари. Нов ваков договор двете страни склучуваат 2 години подоцна, т.е. во јуни 2016 година, чиј износ надминува 38 милиони денари. Овој тендер бил поделен на 3 дела или т.н. лота и сите ги добил „Атриум“. По овие 4 договори, кои влегуваат во периодот на кој реферира МВР (2012-2016), двете страни ја продолжуваат соработката. Тие склучиле договор во декември 2018 година на сума од 42 милиони денари. Во тендерската постапка, „Атриум“ со поддршка на подизведувачите „Јоки“ и „Електрика“, ја победил конкуренцијата составена од компаниите „Конструктор“, „Викторија Градба“ и „Ман Електроник“. Независно што овој договор опфаќал 6 категории на обврски, поделени во 6 различни листи (1. Земјани, ѕидарски, бетонски и армиранобетонски работи; 2. Столарски, паркетарски, стакларски, керамичарски и терацерски, молерофарбарски, изолатерски работи; 3. Лимарски, покривачки и браварски работи; 4. Водовод, канализација и санитарија; 5. Електрика и 6. Парногреачки работи), не била спроведена деллива набавка, како што обично се прави. Извештајот од спроведената постапка што го поседуваме открива дека 2 компании не ја минале фазата на евалуација. Тоа се „Викторија Градба“ и „Ман Електроник“, кои биле дисквалификувани, откако Комисијата за јавни набавки оценила дека доставиле нецелосни финансиски понуди. Патем, ако понудата на првата компанија имало пропусти на сите 6 листи, втората компанија не пополнила правилно во ставката за „полагање на кабел на ѕид“?! На тој начин, останале 2 компании на електронска аукција, на која „Атриум“ доставил пониска понуда, додека „Конструктор“ останал на првичната понуда. Ваков епилог следува откако била избрана најповолна понуда од страна на 5-члена Комисија за јавни набавки со тесно мнозинство, при што 3 члена ставиле потпис, а останатите двајца члена, меѓу кои и претседателот на Комисијата, не го сториле тоа и навеле забелешки. „Видно од спецификациите на понудувачите и доставените ориентациони цени од страна на Секторот за стопанисување, кој е барател на постапката, констатирано е дека прифатливите понуди содржат големи отстапки во однос на ориентационите цени, но и дека многу се разликуваат меѓу себе во поглед на одредени позиции по одржана електронска аукција“, навеле двајца членови на Комисијата. НЕРЕАЛНО ГОЛЕМИ ОТСТАПУВАЊА

Понатаму, тие наведуваат и конкретен пример. Имено, за позиција чија ориентациона цена била 350 денари, „Конструктор“ понудил 7.000 денари, а „Атриум“ 3.479 денари; за позиција чија ориентациона цена била 2.080 денари, „Конструктор“ понудил 900 денари, а „Атриум“ 4.348 денари итн. Затоа, Комисијата за јавни набавки побарала објаснување за оправданоста на цените од Секторот за стопанисување во ПУИК, но тој воопшто не се произнел! „Особено важно за Комисијата беше произнесувањето во поглед на тоа дали ориентационите цени соодветствуваат со пазарните, а со оглед на фактот дека сите позиции во спецификацијата со цени не содржат количества, односно е наведено „количина 1“. Дотолку повеќе, нејасно е како секторот барател ги одредил ориентационите цени, а со тоа и проценетата вредност на набавката“, забележале двајца од петтемина членови на Комисијата за јавни набавки. Без оглед што тие предупредиле дека не е можно да се изврши споредба меѓу понудените цени и дека е можно да се склучи штетен договор, не била искористена законската можност да се поништи постапката, што може да се стори ако се поднесени „прифатливи понуди кои не може да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди“.  Но, со одлука на тројца членови, била избрана понудата на „Атриум“. Во секој случај, соработката меѓу ПУИК и компанијата продолжила, па двете страни склучиле уште еден договор за тековно одржување во јануари 2022 година. За разлика од претходниот, овој тендер бил поделен на 6 дела, така што првите 5 лота вредни 36 милиони денари ги добил „Атриум“ како носител на конзорциум каде уште членувал „Универзал Балкан“. Тие биле единствени понудувачи, што значи изостанала електронска аукција. Првично, шестиот дел за парногреачки работи бил поништен поради нереални цени, но при повторно спроведена постапка лани во септември, вредна 3,3 милиони денари, пак „победил „Атриум“. И во оваа набавка вевчанската компанија користела поддршка од подизведувачи во вид на деловно-техничка соработка, така што повторно имала договор со „Електрика“, плус и од „РМК Градба Ас“. Во извештајот од постапката, покрај другото, стои дека Комисијата за јавни набавки и овојпат констатирала значителни отстапувања меѓу ориентационите и понудените цени на поединечни позиции, така што овие отстапувања се движеле и до 9 пати. Во таков случај, Комисијата се обратила до Секторот за стопанисување како барател на набавката, кој минатиот пат не се произнел. Меѓутоа, овој сектор сега решил да се обрати до стручни лица од Секторот за градба. Од таму навеле дека цените се движат во „некоја граница на пазарни“, со што биле занемарени претходно утврдените „големи отстапувања“, па Комисијата одлучила да даде предлог за избор на најповолната понуда на конзорциумот предводен од „Атриум“ за 5 од 6 дела. Единствено, како што рековме, исклучок бил шестиот лот за парногреачки работи, но и оваа зделка на крајот на годината ја добил „Атриум“ во посебна постапка. „Фокус“ располага со барање со назнака ИТНО за произнесување што Комисијата за јавни набавки го испратила до Секторот за стопанисување при ПУИК, кое во суштина претставува детална листа со цени. Во него, Комисијата го прашува Секторот дали постои оправданост за одделните разлики меѓу понудените и ориентационите цени, имајќи предвид дека многу позиции имаат „значителни отстапувања“?ФРАПАНТНИ РАЗЛИКИ ВО ЦЕНИ

Од увидот што го извршивме произлегува дека големи отстапувања има во делот на земјени и ѕидарски работи. На пример, ориентациона цена за селење била 1.000, а понудена цена била 5.000 денари (500 отсто). За чистење, пак, ориентациона цена била 100, а понудена цена била 400 денари (400 отсто). За асфалтирање, пак, ориентациона цена била 600, а понудена цена била 1.600 денари (266 отсто). Потоа, за ѕидање оџаци ориентациона цена била 1.560, а понудена цена била 7.500 (480 отсто). За уривање ѕид, пак, ориентациона цена била 780, а понудена цена била 2.000 денари (256 отсто). За замена на цилиндрична брава, ориентациони цени биле 800 и 1.200 денари, а понудени цени биле 6.500 и 7.500 денари итн. Вакви примери каде што понудената цена е драстично повисока од ориентационата утврдена од договорниот орган има безброј, но има и обратни примери. „Постои позиција каде што понудената цена е за 923 отсто повисока од ориентационата (1.200 денари понудена цена наспроти 130 ориентациона цена), како и одредени позиции каде понудената цена е само мал процент од ориентационата, значи понудената цена е многу ниска (600 денари понудена цена, наспроти 8.060 ориентациона цена)“, наведува Комисијата, барајќи конкретно детално произнесување, со цел да не се склучи штетен договор. Во таа насока, ориентациона цена за штемање на ѕидови била 8.060, а понудена цена била 600 денари. За изработка и поставување на двојно шперована врата, ориентациона цена била 10.000, а понудена цена била 1.000 денари. Ориентациона цена за демонтажа на дрвен прозорец, пак, била 2.600, а понудена цена била 600 денари… Уште поеклатантен е примерот за изработка на ПВЦ-влезна врата без стакло, за што ориентациона цена била 39.000, а понудена цена била 10.000 денари. За изработка и монтажа на излог од алуминиум, ориентациона цена била 52.000, а понудена цена била 12.000 денари. Што се однесува за излог од пластика, пак, соодносот бил 32.500 наспроти 10.000 денари. Исто така, големи разлики во цени имало и во делот на паркетарски, стакларски, керамичарски, молерофарбарски, изолатерски, лимарски, браварски работи, како и во однос на водовод и електрика. Сепак, Секторот за стопанисување од Секторот за градба како задолжен за формирање ориентациони цени добил уверување дека тие се движат во „некоја граница на пазарни“. Во таква ситуација, „Атриум“ продолжил да ги добива тендерите за тековно одржување на објектите на ПУИК, иако во слични услови и околности, кои подразбираат нереално и невообичаено високи или ниски цени, во периодот 2012-2016 добивала тендери поради кои кривични заработија ексдиректор и вработени на државната компанија, но не и управителот на приватната компанија. Во однос на оваа постапка, од МВР нѐ упатија одговори да побараме од Јавното обвинителство, но од таму не одговорија на нашите прашања до затворањето на весникот. Воедно, не успеавме да добиеме став ниту од „Атриум“, додека се огласи ексдиректорот Грозданов, кој ги отфрла наводите дека сторил криминал со тендерите за тековно одржување што ги добила вевчанската компанија на семејството Мукоски.Цветко Грозданов, поранешен директор на ПУИК ОД КОГА ЗАШТЕДАТА НА ЈАВНИ СРЕДСТВА Е КРИВИЧНО ДЕЛО? Поднесената кривична пријава ја сметам за тенденциозна и правно неиздржана, ни изјави Цветко Грозданов, поранешниот директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Како што посочува, набавките се изведени согласно Законот за јавни набавки и извршена е електронска негативна аукција каде единствен критериум е најниската цена.„Комисијата на повеќе позиции утврдила цени кои се пониски од пазарните цени и се обратила до секторот барател на јавната набавка, а тоа е секторот за стопанисување, кој одговорил дека потребно е да се постапи согласно Законот за јавни набавки, поточно да се прати допис до економскиот оператор да одговори. Комисијата праќа допис до економскиот оператор, тој одговара дека останува на дадената понуда, дека не станува збор за грешка, притоа укажувајќи дека за квалитетот на изведената работа, како и навременото завршување на работите ја предочува повеќегодишната соработка со друштвото, како и тоа дека дава банкарска гаранција. Комисијата врши избор на економскиот оператор, а јас како генерален директор го потпишувам договорот. Согласно член 163, прифаќањето на вообичаената ниска цена би можело да биде ризично за договорениот орган, а тој ризик е токму цената која е пазарно нереална, па може да се случи во текот на реализацијата економскиот оператор да бара измена, односно зголемување на цената или тој договор воопшто да не се потпише или реализира, што овде не е случај. Договорниот орган мора да решава внимателно бидејќи во некои случаи може да претставува поволна понуда со која ќе се заштедат јавни средства. Оваа јавна набавка е реализирана во целост со потребите на секторот барател. Направена е заштеда на јавни средства. Од кога тоа заштедата на јавни средства е кривично дело?“, вели Грозданов во писмениот одговор до „Фокус“. Како вевчанската фамилија Мукоски-Угриновски доби милионски тендери за одржување и изградба на државни објекти?

  

Најново

Викторија Трајков: Предолго и неправедно сме во чекалната на ЕУ!

Sase Ivanovski

МОН: ниту еден студент нема да го изгуби правото на субвенциониран студентски оброк заради користење семејна пензија

Sase Ivanovski

ДОГОВОРЕНА ТЕСНА И ДИРЕКТНА СОРАБОТКА МЕЃУ ДАНОЧНИТЕ АДМИНИСТРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА

Sase Ivanovski

Изјава на претседателката Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата со хрватскиот претседател

Sase Ivanovski

МЗШВ: На 54 здруженија доделени договори во вкупен износ од 10.094.050 денари, ги поддржуваме локалните манифестации

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска од Евроазискиот економски самит – Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард за сите граѓани

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската политичка сцена, отвораат стари теми кои се отворени и затворени за јавноста пред повеќе од 9 месеци

Sase Ivanovski

Јаневска: демократското образование создава активни генерации кои се свесни за човековите права и одговорно се однесуваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 5 фирми покажуваат како се прават пари во Штип: Лани имале профит поголем од 16 милиони евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Овчари нема ниту за 2.000 евра месечно: Главата им е свртена кон тутунарството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во ГРУЗИЈА, мажите од, цело семејство клекнале на колена и побарале прошка затоа што член од нивното семејство прегазил човек од друго семејство

Sase Ivanovski

Кумановската „Рапид Билд“ ќе ги гради македонските 67 километри од гасоводот со Грција

Sase Ivanovski

За една година цените пораснале за 2,2 отсто, најмногу поскапеле кафето, соковите и маслото

Sase Ivanovski

Мицкоски се сретна со Милановиќ – потврдена поддршката за европската иднина на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Гордан Калајџиев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Саботажа сезона 11 бр. 58

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Влатко Стефановски: Ако не е добро за цел свет, не е добро ни за дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски – ПЕТ НОВИ АВТОПАТИ ДО 2029: Македонија ќе биде европски центар за карго транспорт – НИКОЛОСКИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 СТЕПЕНИ: Ќе успее ли мисијата на Рамсар да го спаси Преспанското Езеро

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: Мицковски на маса со Таравари, излезната врата од Илинденска се отвара?

Sase Ivanovski

ЧУВАЈТЕ ГО ПОРЕДОКОТ И ВРАТЕТЕ ЈА ДОВЕРБАТА КАЈ НАРОДОТ Мицкоски им се обрати на полицајците

Sase Ivanovski

СИЛНО ПРИЈАТЕЛСТВО И СИЛНА ПОДДРШКА Сиљановска Давкова го пречека хрватскиот колега Милановиќ во Скопје

Sase Ivanovski

ЗА 3 ГОДИНИ ВЛОЖЕНИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ШТИП Поддршката и развојот ќе продолжат, уверува Перински

Sase Ivanovski

ЗАТВОРЕНИК ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР ГИ НАТЕПАЛ ПОЛИЦАЈЦИТЕ Едниот го расекол со стаклен предмет

Sase Ivanovski

ШТО БАРА ЛИДЕРОТ НА СДСМ ВО ДРУШТВО СО УЖИВАТЕЛИ НА ДРОГА? Манасиевски објави слики од Филипче и Андон Стојков

Sase Ivanovski

ЕКС-ДИРЕКТОР НА СТРУМИЧКИ „КОМУНАЛЕЦ“ ЈА ИЗДАВАЛ КАПЕЛАТА НА ГРОБИШТАТА Претпријатието заработило 30.000 евра преку двоен договор со фирма

Sase Ivanovski

ДАРКО ЈАНЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА МИА Пандорка Арсовска Гацова е избрана за член на Управниот одбор

Sase Ivanovski

НА СВОЈА РАКА ВРАБОТИЛ 127 ЛИЦА, ИМ ИСПЛАТИЛ 350.000 ЕВРА Пријава за екс-директор на Здравствениот дом во Куманово

Sase Ivanovski

ЗГРОЗЕНИ СМЕ, ЃУБРЕТО ВО ФУДБАЛОТ МОРА ДА СЕ ИСЧИСТИ Засрамени сме од сцените во Гевгелија, реагира ФФМ

Sase Ivanovski

АСОМ ДОНИРАШЕ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Солидарноста е клучна за надминување на последиците

Sase Ivanovski

СТОПАНСКА БАНКА ДОНИРАШЕ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ОД КОЧАНИ 200 засегнати семејства ќе добијат 250.000 евр

Sase Ivanovski

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОНИРАШЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Помошта е префрлена на Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

Sase Ivanovski

ПОМОШ ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА ПРОПАДНАТИОТ БЕЛГИСКИ „ВАН ХОЛ“ Европскиот парламент одобри 8 милиони евра

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКИ КАМИОНИ СО ХРАНА НЕОПРАВДАНО СЕ ЗАДРЖУВААТ НА КОСОВСКАТА ГРАНИЦА Азески и неговиот косовски колега Рафуна ќе се обидат да го решат проблемот

Sase Ivanovski

ИЗВРШИТЕЛИТЕ ОД ГРАЃАНИТЕ НАПЛАТИЛЕ 47 МИЛИОНИ ЕВРА Но, најголеми должници се компаниите

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Нека е честит Денот на полицијата на Република Македонија – нашите ХЕРОИ!

Sase Ivanovski

Во 1981 година Xerox корпорацијата ја претстави Xerox Star 8010, работна станица која го вклучува првиот комерцијално достапен компјутерски глушец

Sase Ivanovski

МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКО КРЕДИТНО БИРО И АУЕ-ФОН Заеднички чекори кон знаење и практична подготвеност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КОГА ФУДБАЛОТ СТАНУВА УМЕТНОСТ Интер и Барса приредија спектакл кој ќе се раскажува

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И ИНДИЈА И ПАКИСТАН ИМААТ ПО 180 НУКЛЕАРНИ БОЕВИ ГЛАВИ Во случај на нуклеарен армагедон би загинале 150 милиони луѓе

Sase Ivanovski

ПАКИСТАН ГО ПОВИКА ИНДИСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР Се засилуваат дипломатските тензии меѓу двете нуклеарни сили

Sase Ivanovski

СРАМОТА Е ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА МЕЃУ ИНДИЈА И ПАКИСТАН Трамп, Путин и Гутереш повикаа на смирување на тензиите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИРЕНИ ЕЧЕЛЕ И ЕКСПЛОЗИИ ОДЕКНУВАЛЕ ВО КИЕВ Русија изврши масовен напад неколку часа пред примирјето на Путин

Sase Ivanovski

Ујдурми на Димитриевски и неговиот кум за продажбата на плацот на кој ке се гради Лидл во Куманово. Очекувано општината даде изим да се смени ДУП-от

Sase Ivanovski

Од локална акција до регионален ефект: Собирните центри сe клучни за ефикасен систем за управување со отпад

Sase Ivanovski

ЕК поднесе тужба против Бугарија поради неспроведување на Директивата за право на пристап до адвокат

Sase Ivanovski

ОЈО ќе го гони зетот на Зоки Фаци кој намерно подметна пожар во куќата и станот на сопругата: На 1 мај прво се заканувал, а потоа ја реализирал заканата

Sase Ivanovski

Таравари на ДУИ и’ препорачуваше „Ефридол“, а сега?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ресторанот Парк: Уникатен ресторан за свадби што е дефиниција за романтика и елеганција

Sase Ivanovski

Муцунски: Честитки до Јохан Вадефул за неговото назначување за нов министер за надворешни работи на Германија

Sase Ivanovski

Вучиќ отпатува за Москва

Sase Ivanovski

Стипендии за студии во Италија за академската 2025-2026 година

Sase Ivanovski

Невреме во Дојран: Обилни дождови, грмежи, ветер и крупен град

Sase Ivanovski

Општина Карпош: Не можеме да се изначудиме како ВМРО-ДПМНЕ го укина „Член 62 а“ од Законот за градба

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пакистан: 26 цивили убиени, 46 ранети, „ќе одговориме“, Индија: „Нашите напади се пропорционални“

Sase Ivanovski

Блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево, започнат е ненајавен протест

Sase Ivanovski

Дали најблискиот соработник на Франциск ќе стане нов папа: Почнува конклавата за избор

Sase Ivanovski

Мицкоски: Времето на пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ е завршено

Sase Ivanovski

Ги внеле во автомобил, ги удирале со боксови: Две грабнувања во Тетово

Sase Ivanovski

Литванија му забрани на Вучиќ да лета до Москва преку нејзина територија

Sase Ivanovski

СКАНДАЛ: Аца Лукас ќе бара идни турбофолкери во МКЦ со помош на Бени Шаќири. Дојдете!

Sase Ivanovski

Градоначалниците отсега ќе може да се отповикуваат на референдум

Sase Ivanovski

Карни на средбата со Трамп: Канада никогаш нема да биде на продажба

Sase Ivanovski

МТСП: Доделени 24 ортопедски помагала на лица со телесен инвалидитет

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Достоинствено одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода двајца грабнувачи од Тетово, одреден 30 дневен притвор

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Фатен крадец во Кавадарци, поднесена кривична пријава

Sase Ivanovski

Global Azure Skopje 2025: Хуманитарен ИТ настан со поддршка на семејствата од Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Втор ден како Филипче молчи и не се откажува од наркодилерот Андон Стојков, каков интерес штити?

Sase Ivanovski

Претседателот Костадиновски продолжува со работните активности на 10. Конгрес на АCCF во Букурешт

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен крадец во Куманово, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Започна официјалната посета на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

Sase Ivanovski

ДОМ: СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА И НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ – ЗАКОН ЗА ГРАДЕЊЕ ПО МЕРКА НА ГРАЃАНИТЕ

Sase Ivanovski

ПОД МОТО „СОБРАНИЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ, ОТВОРЕНО И ОДГОВОРНО“, ПАРЛАМЕНТАРНИОТ КАРВАН ЌЕ ОБИКОЛИ ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ НИЗ ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Нов бран на странски инвестиции кои ќе донесат од 5 до 6 милијарди евра во Македонија, што значи нови работни места за граѓаните и модернизација на државата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ преку нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра

Sase Ivanovski

Министерство за европски прашања: Билатерални средби на МЕП Муртезани на маргините на ЕУСАИР Форумот во Грција

Sase Ivanovski

Делото на Крамариќ и „Матица македонска“ ги обединија сите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не молчи, да се огради од наркодилерот Стојков и да се извини на јавноста за лошиот пример што им го дава на младите

Sase Ivanovski

Општина Карпош: Со неверување ја прифати иницијативата за укинување на „Член 62 а“ од Законот за градба и не можеме да се изначудиме како владејачката ВМРО-ДПМНЕ укина еден вака важен член од законот

Sase Ivanovski
Вчитувам....