27.8 C
Скопје
02/05/2025 16:47
МАКТЕЛ

     

„АстраЗенека“ не ја повлекува вакцината заради реткиот несакан ефект, туку поради економски причини

      

A medical syringe and a vial in front of the AstraZeneca British biopharmaceutical company logo are seen in this creative photo taken on 18 November 2020. Pfizer and Biontech announced its conclude phase 3 study of COVID-19 vaccine candidate with 95% primary efficacy analysis, as media reported on 18 November 2020. (Photo by STR/NurPhoto via Getty Images)

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:Ова се’ се случува последниов период.Кој не верува, барајте си линкови.За оние кои не веруваа, џабе беа сите линкови кои ги постирав и онака…Во рамките на објавата е споделена е фотографија на која пишува:Астра Зенека ја повлекува вакцината од цел свет откако призна дека ја згрутчува крвта. Фајзер вонсудски средува случаи на рак. Екс водители на Си Ен Ен земаат Ивермектин. Каде ви е сега теоријата на заговор?

Расел Бренд.Во објавата се пропушта контекстот, бидејќи настани кои не се поврзани со ковид и вакцините против ковид се доведуваат во корелација со пандемијата за да се „докаже” дека оние што веруваат во теориите на заговор, всушност биле во право во текот на пандемијата кога ширеа купишта невистини и дезинформации за вакцините.

   

Во објавата прво е наведено дека АстраЗенека ја повлекува вакцината од целиот свет откако признале дека ја згрутчува крвта. Но, причината поради која АстраЗенека ја повлекува вакцината против ковид-19 не е поради тоа што таа ја згрутчува крвта, туку поради тоа што нема доволно голема побарувачка за неа, односно од комерцијални причини. После администрриани повеќе од три милијарди дози, вакцината против ковид на „АстраЗенека“ се повлекува од пазарот. Од компанијата велат дека се неверојатно горди на вакцината, но оваа одлука е комерцијална поради тоа што откако се појавија новите варијанти на ковид-19, побарувачката се пренасочи кон новите апдејтирани вакцини, а не кон нивната.

Вакцината на „АстраЗенека“ спаси милиони животи за време на пандемијата, но предизвика и ретки, понекогаш фатални згрутчувања на крвта. Во трката да се ослободи светот од затворања и ограничувања на движењето, ковид вакцината беше создадена од научниците во рекордно време на Универзитетот Оксфорд. Процес кој вообичаено одзема 10 години, заврши за 10 месеци, пишува Би Би Си.

За вакцината на „АстраЗенека“ против ковид, професорот Адам Флин од Универзитетот Бристол вели:Вистината е дека направи огромна разлика. Оваа вакцина не подигна од катастрофата што се закануваше во тоа време, заедно со другите вакцини од „Фајзер“. Мислам дека повлекувањето на оваа вакцина едноставно го рефлектира тоа дека не е повеќе од корист.

Репутацијата на оваа вакцина беше погодена кога невообичаено згрутчување на крвта беше детектирано како редок несакан ефект на вакцината. Велика Британија се сврте кон алтернативите.Во соопштение од „АстраЗенека“ велат:Според независни проценки, над 6.5 милиони животи беа спасени во првата година од употребата на вакцината. Нашите напори беа препознаени од владите ширум светот и се сметани нашироко како критична компонента за завршување на глобалната пандемија.

Од „АстраЗенека“ додаваат дека развојот на нови вакцини кои подобро се совпаѓаат со мутациите на ковид кои сега се во циркулација, значело дека имало поголема количина на достапни вакцини од „АстраЗенека“ за кои немало побарувачка, па затоа нивната вакцина не се произведува ниту дистрибуира повеќе:Се чини дека овој вирус беше многу агилен и еволуираше од првичната верзија за која беа создадени вакцините, така што тие вакцини станаа нерелевантни и само реформулираните вакцини се во употреба.

Според некои истражувања, стапката на развој на тромбоза со тромбоцитопенија од вакцината на „Астра Зенека“ против ковид е 2 до 3 случаи на 100 илјади луѓе. Повлекувањето на вакцината е поради тоа што таа не е апдејтирана а ковид вирусот е измутиран така што вакцината нема доволна побарувачка за да биде комерцијална, по што „АстраЗенека“ се решава на овој чекор. А не затоа што вакцината е на некој начин небезбедна.

Во врска со делот од објавата во кој се тврди дека „Фајзер“ средува вонсудски случаи за рак, тоа воопшто не е поврзано со ковид вакцината на „Фајзер“, туку за лек кој е постар и датира од пред да се појави пандемијата. Како што пишува Ројтерс, станува збор за лекот Зантак за кој „Фајзер“ се согласил вонсудски да се спогоди за 10 илјади случаи за ризик од карцином. Лекот Зантак е повлечен од употреба. Сите 10 илјади случаи за кои има спогодба се во САД.

Во 2020 година Американската агенција за храна и лекови го повлече Зантак и неговата генеричка верзија од пазарот, откако во него е детектирана супстанца која предизвикува карцином наречена Н-нитросодиметиламин. Овој лек во Америка многу често се користи и тоа без рецепт од доктор, за желудочни киселини. После тоа илјадници тужби пристигнаа во американските федерални и државни судови против „Фајзер“. Финансиските услови за спогодбата што „Фајзер“ ја има направено за десетте илјади тужби, не е откриена.

Што се однесува до делот од објавата дека поранешен водител на Си Ен Ен признал дека зема ивермектин, тоа е точен дел. Се работи за водителот Крис Куомо кој земал ивермектин за да ги ублажи последиците од долгиот ковид, односно губењето на концентрација (brain fog) што е симптом со кој се бори откако се заразил со ковид-19 во пандемијата. Тој беше против ивермектин во текот на пандемијата, бидејќи во своите настапи изјавуваше дека тие што го земаат овој лек треба да бидат посрамени. Меѓутоа, кога Куомо ги даваше овие коментари, американската Агенција за храна и лекови беше против администрирањето на овој лек, па дури и на тогашната социјална мрежа Твитер (сега Икс), напиша дека „не сте коњи за да земате ивермектин”. Денеска тој Твит е избришан.

Агенцијата за храна и лекови на САД и ден денешен го нема одобрено ивермектин за ковид.Меѓутоа, во Република Северна Македонија ивермектин не беше забранет, туку матичните лекари добија протокол за лекување со него.

Објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот, затоа што повлекувањето на вакцината против ковид на „АстраЗенека“ нема никаква врска со исклучително реткиот несакан ефект на згрутчување на крвта, туку со тоа што се појавиле понови вакцини и оваа повеќе не е толку барана, поради што производителот реши да ја повлече. Дополнително, објавата е со пропуштен контекст, бидејќи најпознатиот производител на ковид вакцина, „Фајзер“, е ставен во контекст дека „решава случаи на карцином со спогодба”, но тоа не е за ковид вакцини, туку за стар лек кој е повлечен од употреба со години. Поранешниот водител, пак, навистина зема Ивермектин за да ги ублажи последиците од долг ковид, но тоа повторно, не го прави овој лек одобрен во САД за употреба за ковид, додека во С. Македонија тој е одобрен и во пандемијата матичните лекари добија протокол за негово користење.Извор: Вистиномер

  

Најново

Жерновски: Село гори, Тимчо се чешла: Четврти ден молк од македонското МНР по изјавата на комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос

Sase Ivanovski

„Сериозен показател за негативниот тренд во демократското управување“, велат од ДУИ по повод падот на Македонија во Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Амзир Рушити (67) од Куманово во хумана мисија во Кочани – Ќе чисти 62 оџака во Кочани за да донира за повредените

Sase Ivanovski

Додик: Муслиманите сакаат војна во БиХ и да ги стават сите Срби во логор

Sase Ivanovski

Вработените во Зоолошка излегоа на протест: „Велигден и Први мај ги поминавме без плата“

Sase Ivanovski

СДСМ: Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, овој пат во Кавадарци

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Меморандум за соработка на МВР со Министерството за спорт, поддршка за модерни спортски капацитети и можности за сите полициски службеници и кадети

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Мицкоски: Отворен е регионален стационар за згрижување на бездомни миленици во Кавадарци

Sase Ivanovski

Мицкоски: Јавниот и државниот долг е најнизок во последните 5 години, очекувам намалувањето да продолжи

Sase Ivanovski

Мицкоски: 80 општини поднеле околу 900 апликации за реализација на проекти

Sase Ivanovski

Министерството за здравство: Денеска се враќаат осум пациенти од лекување од Турција, Бугарија и Словенија, во странство остануваат хоспитализирани 18 пациенти

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода возач од Дебар, управувал возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола и не застанал на даден знак од полициски службеник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче учи од Заев како да злоупотребува трагедии, како Заев со Смилковско и Младенов, за кои лажеше со години?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Филипче се центар за ширење на лажни вести затоа има пад во Индексот на Репортери без граници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина, пад на слободата после 8 години

Sase Ivanovski

Поворно „Книга во секој дом“ со „Матица македонска“: Триста наслови со попуст до 70 проценти, средби со писатели и промоции на нови изданија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е доследен на Заев и во предавствата, дали Филипче е на ист став и линија со Заев кој тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ а Македонскиот и Бугарскиот јазик се исти?

Sase Ivanovski

СДСМ: Скандалозно лажење на Владата – ја префрла одговорноста на вработените, зар тие јаделе на државна сметка!?

Sase Ivanovski

Месна заедница Галичник: Избор на зет и невеста за Галичка Свадба 2025

Sase Ivanovski

СДСМ: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина, медиумите мета на притисок

Sase Ivanovski

Директорот на НАЕОПМ, д-р Петар Богојески, донесе одлука за раскинување на договорите со тројца евалуатори

Sase Ivanovski

Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ ќе ја додели наградата „Гоце Делчев“ за 2025

Sase Ivanovski

Премиерот Мицкоски ќе положи свежо цвеќе по повод родниот ден на Гоце Делчев во црквата Св. Спас

Sase Ivanovski

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ – Гоце Делчев 2025

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 132 санкционирани возачи под дејство на алкохол, 114 без возачка дозвола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Анита Ристеска: Неисчистени улици, преполни контејнери, глутници кучиња скитници, градска река по која пливаат пластични шишиња, ѓубре на секој чекор, диви депонии зад секој агол

Sase Ivanovski

УЈП: Граѓаните да ја проверат даночната пријава за 2024 година

Sase Ivanovski

Скопјанец физички нападнал малолетничка на паркингот на Средно Водно

Sase Ivanovski

Ковачки до Борисов: Сликата што ги боли – бидејќи Македонија веќе не клекнува

Sase Ivanovski

ФФМ немаше милост за Гостивар: Одземени девет бода, суспензии и високи парични казни!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен возач во кумановско затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти, вкупно 1200 во двата повици

Sase Ivanovski

Маневски: Прилозите да бидат со поголема одговорност кон јавноста и информациите да бидат надградени со споредбени анализи

Sase Ivanovski

Го цениме смелиот чекор на Таравари кој порано сфати дека оваа влада е антиалбанска, рече Ахмети

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 4,7 п.п. продолжуваме со фискална консолидација и забрзан економски раст

Sase Ivanovski

Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Падот на Индексот на Репортери без граници се должи главно на ширење на лажни вести, главната фабрика за тоа е СДС

Sase Ivanovski

Две кумановки пријавиле дека биле нападнати од нивните партнери на Први мај

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центар го поедностави уписот за првачиња, постапката по електронски пат

Sase Ivanovski

Тошковски и Обвинителството различно ги пресметуваат осомничените

Sase Ivanovski

Беровчанец нападнал полицаец па бил приведен

Sase Ivanovski

Маж од Паланечко ја претепал сопругата

Sase Ivanovski

Вучиќ доби ново предупредување од ЕУ пред заминувањето за Москва

Sase Ivanovski

За 3,9 проценти намален бројот на работници во индустријата во првиот квартал

Sase Ivanovski

Бугарија за Коридорот 8: „Николовски раскажува приказни за добра ноќ, каде е да го потпише договорот?“

Sase Ivanovski

ЈАСНА ТОНОВСКА НАЈДОБАР ИСТРАЖУВАЧ НА НАРОДНА БАНКА ЗА 2025 ГОДИНА Светската неизвесност носи ризици за македонската економија

Sase Ivanovski

ОКТА ОСТВАРИ СИЛНА ПРОФИТАБИЛНОСТ ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Годината започна со предизвици на меѓународниот пазар

Sase Ivanovski

ИСТ ГЕЈТ МОЛ СО НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА Лојалните посетители ќе добијат полесна навигација, попусти, ваучери и поени

Sase Ivanovski

ЗАВРШИ 17. ИЗДАНИЕ НА „ЛИДЕР“ ПРОЕКТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Беа обучени млади претприемачи

Sase Ivanovski

АМЕРИКАНЦИТЕ ГИ ПРОРЕТЧИЈА ПОСЕТИТЕ НА „МЕКДОНАЛДС“ Компанијата бележи пад на прометот од 3,5%

Sase Ivanovski

ТРАМП ВОВЕДЕ КАЗНЕНИ ЦАРИНИ ЗА „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ Еве колку ќе ги чини Американците производот примен по пошта

Sase Ivanovski

РУБИО ЌЕ ПРИСУСТВУВА НА РУСКАТА ПАРАДА? Медиумите во Кремљ тврдат дека државниот секретар на САД ќе ја посети Москва, Вашингтон молчи

Sase Ivanovski

КОРОНАВИРУСОТ ПОТЕКНУВА ОД САД?! Кина објави „бела книга“ за пандемијата

Sase Ivanovski

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА НЕМА БРЗО ДА ЗАВРШИ Џеј Ди Венс објасни како стојат работите

Sase Ivanovski

САД ЌЕ РАБОТАТ ВО СЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА ДА СЕ ПОСТИГНЕ МИРОВЕН ДОГОВОР Дипломатијата треба да ги зближи позициите на Украина и на Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ Одекнале експлозии и избувнал пожар во Крим

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ДАМАСК Нетанјаху е одлучен да ги заштити сириските Друзи

Sase Ivanovski

УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ИСПУКАЛ КУРШУМ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Ќе добие кривична пријава за предизвикување општа опасност

Sase Ivanovski

СДСМ Е ГЛАДНА ЗА ВЛАСТ И ДОЛГО ЌЕ ОСТАНЕ ГЛАДНА Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од портпаролката Кузеска

Sase Ivanovski

Телото на украинската новинарка која почина во руски затвор Москва го врати со знаци на тортура и со исчезнати органи

Sase Ivanovski

СЕ НАМАЛИЈА ЈАВНИОТ И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ Мицкоски најавува период на развој

Sase Ivanovski

“Го сакав како син, сега ја сакам како ќерка” Роберт де Ниро јавно ја поддржа ќерката која си го смени полот

Sase Ivanovski

Демографскиот проблем го влошува недостигот на работници во Грција

Sase Ivanovski

Европската Унија е подготвена да понуди договор вреден 50 милијарди долари за да ги избегне царините на Трамп

Sase Ivanovski

Започнува исплатата на субвенции за потрошена струја

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево и топло со можни поројни дождови

Sase Ivanovski

Топ Тема – Повторно избори без измени на Изборниот законик 30.04.2025

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Еден од бродовите на „Флотилата за слобода“ на Газа е во пламен и испратил СОС, по наводниот напад со беспилотно летало крај брегот на Малта

Sase Ivanovski

Утринава жена прегазена кај АМСМ

Sase Ivanovski

Злато под земја, геополитика на површината: Детално за договорот за минералите

Sase Ivanovski

Богојески им ги раскина договорите на тројца евалуатори, немале завршено обука за да оценуваат апликации

Sase Ivanovski

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, реагираат од СДСМ и ДУИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Путин за првпат ги отвори вратите од својот стан во Кремљ, еве како изгледа неговиот дом

Sase Ivanovski

Колку се работи во Србија – повеќе отколку во секоја од земјите на ЕУ

Sase Ivanovski

Популистичката партија на Најџел Фараж освои уште едно место во британскиот парламент

Sase Ivanovski

(ВИДЕОАНКЕТА) Дали им верувате на новинарите?

Sase Ivanovski

Довербата во еврото расте: 25% од депозитите на бугарските домаќинства сега се во евра

Sase Ivanovski

Дали наскоро ќе се вработат 100.000 хрватски пензионери? Доаѓа клучна промена

Sase Ivanovski

Норвешкиот пензиски фонд, кој е најголем во светот остана без 40 милијарди долари!

Sase Ivanovski

Куќа и штала изгореа во Марчино поради неизгасната скара

Sase Ivanovski
Вчитувам....