Али Ахмети Фото: Фејсбук Артан Груби
Лидерот на ДУИ Али Ахмети во обраќањето синоќа од манифестацијата „Лице в лице за еднакви можности“, организирана од Секретаријатот за еднакви можности на огранокот на ДУИ во Чаир, рече дека за многу од неговите противници е трн во око, но оти тој не е виновен што победува 22 години. Осврнувајќи се на политичките случувања, Ахмети рече дека прифаќа ривалство со политичките противници во земјава, но не и ривалство до ниво на клевета и непријателство.
-Многу сум свесен дека сме трн во очи на многу политички противници што ги создававме за 22 години, но не сме ние виновни што 22 години сме победници. Народот гласаше за нас. Затоа, тие немаат причина да бидат непријателски настроени кон народот. Прифаќам ривалство, прифаќам да бидам во конкуренција, но не и ривалство до точка на непријателство. Не во ривалство до клевета, затоа што не победивме насилно 22 години. Народот не сакаше и ние бевме победници – рече Ахмети.