Во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас. Ахмети и Рокас долго разговараа за сите политички прашања во нашата земја, за неопходните реформи за европска интеграција, за легитимитетот и Охридскиот договор, како и за изборите во Северна Македонија.
Ахмети го информира Рокас дека ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација.За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус.
Во однос на Охридскиот договор, Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн.Северна Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договорм, се истакнува во соопштението.
Од кабинетото на Ахмети додаваат дека политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија. Ахмети повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.