-Со селекторот Милевски направивме многу добри работи и во репрезентацијата до 21 година и сега во овој момент. Мислам дека се познавме добро и дај Боже да продолжиме да соработуваме заедно. Не ги знам деталите од неговиот договор само знам дека го почитувам многу и имам голем респект за него. Зборевме цела година како треба да се игра за репрезентација, да се излезе на терен и се остави срцето. Така беше денеска и на крај го земавме тој бод кој многу нѐ радува. Една мала Македонија заслужено зема бод против Англија и мислам дека ова е знак за иднината. Можеме против секој да се натпреваруваме, рече Барди.