„Моите мисли се со Полска, нашиот близок сојузник и сосед“, напиша таа на Твитер доцна вечерва. „Внимателно ја следиме ситуацијата и сме во контакт со нашите полски пријатели и сојузниците во НАТО“, додаде таа.
ДПА пренесува дека НАТО и американското Министерство за одбрана (Пентагон) соопштија дека работат на утврдување што се случило во селото Пржеводов, неколку десетици километри од Украина. Владата во Варшава вечерва одржува кризен состанок и допрва треба да ја понуди својата верзија на настаните. Според непотврдени извештаи во полските медиуми, проектил бил причина за експлозијата, пренесува ДПА.