МАКТЕЛ

     

Бесими: 2022 година ја завршивме со јавен долг на ниво од 57,1 %, намалување за 3,9 процентни поени

      

Јавен долг од 57,1 % што е за 3,9 процентни поени понизок во однос на нивото од 2021 година, буџетски дефицит понизок за 1 процентен поен во однос на планот за 2022 година и за 8,7 % понизок во однос на 2021 година.  Тоа се фактите што се неоспорно постигнати со политиките што ги спроведуваме и најзначајно што се постигнати во услови на криза. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на Конференцијата „Година на нови можности“ говорејќи на тема „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“.

„Управувањето со јавни финансии е особен предизвик во услови на турбулентно економско окружување. Експанзивна фискална политика која беше водена во периодот на пандемијата, преку таргетирана поддршка за одржување на ликвидноста на компаниите, зачувување на работните места и социјална помош за невработените и ранливите категории на граѓани, резултираше со пораст на буџетскиот дефицит на 8,1% од БДП во 2020 година, придонесувајќи за нагло зголемување на јавниот долг на 59,7% од БДП,  достигнувајќи рекорден јавен долг од 61 % во 2021 година, која со континуирана заложба за фискална консолидација можеме да се пофалиме дека заклучно со 31.12.2022 година  се спушти на ниво од 57,1% од БДП,“, рече министерот Бесими. Тој потенцира дека значајно е тоа што нивото на јавниот долг се намали во услови на криза и дека тоа е  под Мастришкиот критериум (60%).

„Буџетскиот дефицит, исто така, може да кажеме дека се движи во рамки на Мастришките критериуми (3 % од БДП). Ако се земе предвид дека од остварениот дефицит од 4,3 % околу 2 % отпаѓа на справување со кризата, ние сме постигнале дефицит кој е во рамки на европските правила“, истакна Бесими и додаде дека тој тренд на намалување на дефицитот продолжува и од почетокот на оваа година, а бројките покажуваат дека е за 35 % понизок од остварениот дефицит во тој период од 2022 година. Оцени дека ова беше навистина специфична година во која требаше да се преземат политики со кои требаше да се обезбедат стабилни, ефикасни и одржливи јавни приходи, а тие политики добија потврда и од меѓународните институции.  ММФ врз основа на одржливите економски политики и здравата основа, го одобри пристапот на земјата до средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност, инвеститорите исто така во текот на 2022 година ги препознаа политиките и обезбедивме средства за буџетскиот дефицит и отплата на стари обврски по поповолни и пониски цени, а последната потврда на политиките се и од Агенцијата „Стандард и Пурс“.

„Со напорите за фискална консолидација ќе продолжиме и од реформите не отстапуваме. Го донесовме Законот за буџети, поставивме фискални правила. Почнавме реформа за воспоставување современ модерен даночен систем, кој ќе значи праведност, ефикасност, транспарентност и ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации, а сето тоа во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Даночната реформа која како концепт ја воспоставивме не значи зголемување на даноци, туку е во насока на проширување на даночната база и ревидирање на даночните ослободување, а кои создаваат нееднаков третман на даночните обврзници“, рече министерот Бесими. На панелот учествуваа гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, академик Абдулменаф Беџети и Глигор Бишев, советник на премиерот. Гувернерката Ангеловска Бежоска се осврна и на улогата на координацијата на макроекономските политики во одржување на стабилноста на економијата, особено во услови на криза.

„Во период на пандемијата монетарната политика обезбедуваше поддршка на фискалната политика. Сега за справување со инфлацијата и одржување на стабилноста на девизниот пазар на монетарната политика и е потребна поддршка од фискалната политика. Оттаму од исклучителна важност е да се продолжи со прудентна монетарна политика и фискална политика, втемелени на добро таргетирани и временски ограничени мерки насочени кон најранливите сектори за краткорочно ублажување на ефектите, но уште поважно и на капитални инвестиции, кои ќе го зголемат долгорочниот потенцијал за раст и заедно со структурнитe реформи ќе ја поддржат трансформацијата на економијата“, рече Ангеловска-Бежоска. Директорката Лукаревска истакна дека должност на УЈП е да воведе целосна дигитализација на процесите и модернизација  на услугите кон даночните обврзници, да се намалат бирократските процедури, а да се зголемува ефективноста и ефикасноста на постапките. „Со тоа, рече Лукаревска,  ќе  го стегнеме  обрачот за неформалната економија, а за  формалните бизниси  ќе обезбедиме  фер пазар и конкуренција.
Електронска фактура, е процес кој оваа година го подготвуваме, ќе овозможи издавање, достава и прием на фактура во електронски формат преку единствениот систем на Управата за јавни приходи, во кој ќе се евидентираат сите фактури кои произлегуваат од прометот помеѓу даночните обврзници, владините институции, крајните приматели на добра и услуги како и интернет продавниците.  Со е-фактура ќе се спречи  непријавување  данок при трансакции во е-трговија  ќе се зголеми ефикасноста на контрола и сузбивање на измамите со ДДВ (фиктивни фактури), а контролите да ги насочиме кон високоризични обврзници“, рече  Лукаревска. Академик Беџети порача дека се неопходни даночните реформи согласно Стратегијата  донесена пред повеќе од една година.

„Имајќи предвид состојбите на постојниот даночен систем во РСМ, дека е многу регресивен, дека даночната база е со изразени условни олеснувања и ослободувања, дека е недоволно конвергентен со даночните системи на земјите членки на ЕУ, дека нема флексибилни решенија за оданочување на растечките добивки како резултат на криза, дека изразито се оданочува доходот од плати во однос на капиталните доходи и добивките, дека нема соодветни еколошки даночни решенија, дека се уште степенот на даночна дигитализација не одговара на предизвиците на времето, дека онлајн набавките не се ефикасно под контрола и како таков се уште генерира висока стапка на неформална економија, се неминовни даночните реформи согласно новата Концепција и Стратегија донесена пред повеќе од една година.
Фискалната историја од пред еден век па се до денес, вклучувајќи ја и последната инфлациска и енергетска криза ни покажува дека токму големите економски кризи се причина повеќе за забрзување на реформите а не обратно“, наведе Беџети.
На Панелот, Бишев потенцира дека монетарната политика ќе остане примарен инструмент за соборување и контрола на инфлацијата, преку повисоки каматни стапки и успорување на растот на кредитите.  „Фискалната политика, според него, ќе го поддржи соборувањето на инфлацијата преку намалување на буџетскиот дефицит. Истовремено преку алоцирањето на значителни средства за инвестиции во инфраструктурата, таа ќе го поддржи растот и конкурентноста на економијата. Тоа ќе биде оптимален микс кој ќе ги оствари крајните цели на стабилност на цените и позитивен економски раст.”

   

   

Најново

10 – годишнина од трагичниот настан во Диво насеље

Sase Ivanovski

Фудбалски клуб Вардар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на ОАЕ, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Мицкоски од Самитот на Македонија 2025 – стабилизација на државата и зголемување на економскиот раст, нова владина суперапликација за дигитални услуги, се работи на едносменска работа во училиштата

Sase Ivanovski

Лишен од слобода ресенчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Мехмед II наречен „Освојувачот“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Австралија, Питер Џорџ Трасвел

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

Основни поими за кокошката

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ГИ ПРЕДАДЕ АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

Општина Карпош интензивно работи на пролетно генерално чистење на собирните и станбените улици како и блоковското парковско зеленило низ урбаните заедници

Sase Ivanovski

Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?

Sase Ivanovski

СДСМ: Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија

Sase Ivanovski

Книга за вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија и копретседателот на „ОМО Илинден“ Пирин, Стојков во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

Кој е Аврам Писевски според кого е крстено основното училиште во скопско Бардовци?

Sase Ivanovski

Бочварски: Законот за помош на настраданите во Кочани треба да го поддржи и ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Митески: Проблемот со сметот е поради Арсовска, како општина дополнително ангажираме секој месец 100 лица со цел чист Аеродром

Sase Ivanovski

Државата ја заборави обврската – водите на Дојранското Езеро под закана

Sase Ivanovski

24 Анализа – Дали ги губиме стручните и квалификувани медицински кадри?

Sase Ivanovski

360 степени прашува, МВР одговара – како ќе се пишуваат и оспоруваат казните од камери

Sase Ivanovski

Мојсоска: Мијалков гради на охридското крајбрежје без елаборат за животна средина, а власта молчи!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иновативна метода при гаснење на пожар

Sase Ivanovski

Димитриески: Со чувство на искрена радост и длабока почит, им ја упатувам мојата честитка на братскиот турски народ и државата Турција по историската вест за најавата за распуштање на терористичката организација ПКК

Sase Ivanovski

Во 1993 година, Емил Лереј, француски електричар, се расипал среде африканската пустина додека возел стар Citroën 2CV од Марок…останатото е историја…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Имаме голем респект кон веганите, но…

Sase Ivanovski

Златев: Парадата во москва беше славење на фашизмот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кошта во посета на Западен Балкан: Да се сврти страницата на минатото и да се изгради заедничка иднина

Sase Ivanovski

„Куќа од 76.000 квадратни метри, сам, изгубена, нема деца“ – Шекил О’Нил призна дека грешките со неговото семејство го натерале да почне да се чувствува осамен

Sase Ivanovski

ЗЛАТЕВ: АПАСИЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ СУДЕН ЗАТОА ШТО БЕШЕ НА ПАРАДА?! Рускиот рулет на Таравари!

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Сотир Костов и Мирјана Најчевска

Sase Ivanovski

Учество на премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2025 во организација на „Македонија 2025“

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Љубомир Гајдов

Sase Ivanovski

Тема на денот со Крис Павловски

Sase Ivanovski

Руските војници ги заменуваат тенковите со мотоцикли

Sase Ivanovski

Полска нареди затворање на рускиот конзулат во Краков откако Москва беше обвинета за подметнување пожарот во 2024 година

Sase Ivanovski

ЗЕМЕТЕ СИ КАБАНИЦА ИЛИ ЧАДОР Ќе врне и ќе дува засилен ветер низ цела Македонија

Sase Ivanovski

СО ДОБРИ ЗАКОНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЕВРОПСКИ КРИПТО ЦЕНТАР Фокусирајте се на енергијата и на вештачката интелигенција и ќе имате просперитет, порачува Крис Павловски

Sase Ivanovski

ОТСЕГА МОЖЕТЕ ДА СИ КУПИТЕ ДЕВОЈКА РОБОТ ЗА 125.000 ДОЛАРИ Дали „епидемијата“ на машка осаменост е сериозен проблем во денешницата?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕМАТЕ ВРЕМЕ ДА СРЕДУВАТЕ ПО ДОМА? Овој робот може да ве замени – чисти, пере и дипли алишта

Sase Ivanovski

ВО 3:30 ЧАСОТ НЕКОЈ МИ ТРОПНА НА ВРАТАТА И МИ ЈА СООПШТИ ЛОШАТА ВЕСТ Мицкоски откри кој бил неговиот најтежок ден во животот

Sase Ivanovski

Хамас на МКЦК му го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар

Sase Ivanovski

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Sase Ivanovski

Касами: Нема да има (пре)именување улици во Тетово пред локалните избори

Sase Ivanovski

Касами за 360- Може ке направиме трампа и ќе им го дадеме министерството за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Таравари- Влеговме во влада со ветување дека за 6 месеци ке ги почнеме преговорите со ЕУ. Нема ништо од тоа и одиме во опозиција

Sase Ivanovski

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Sase Ivanovski

Со нож го убил својот татко во Подгорица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Sase Ivanovski

„Мајка ти треба сама да дојде“: Адвокат кој ја застапувал својата беспомошна мајка, не можел да и извади картичка од ЈСП

Sase Ivanovski

Откако го откажа декемврискиот концерт во Скопје, Владо Јаневски најавува ексклузивен концерт на лето во Охрид!

Sase Ivanovski

Нарендра Моди: Индија ја прекина својата воена акција и ќе одговори на секој терористички напад

Sase Ivanovski

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде се лекуваа македонски пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ го пречека Кошта во Белград: Ќе разговараме за клучните прашања од односите меѓу Србија и ЕУ

Sase Ivanovski

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Sase Ivanovski

Газдата на „Рамбл“ предлага Македонија да биде неутрална како Швајцарија

Sase Ivanovski

Касами: Таравари избра да ја игра улогата на тројански коњ

Sase Ivanovski

Крис Павловски, директорот на „Рамбл“: Моите родители се од тука, сакам да направам Македонија да напредува

Sase Ivanovski

Димитриевски: СДСМ ја претвори Македонија во корупциски пазар

Sase Ivanovski

Арбен Таравари излегува од Владата

Sase Ivanovski

Топ Тема: Дали политиката ја убива емпатијата?

Sase Ivanovski

Куќа стара 738 години во Швајцарија има извонредна тајна за својата долговечност. Изградена во 1287 година, Витлеемската куќа е најстарата дрвена куќа во Европа, изградена без метални клинци

Sase Ivanovski

Терасираната висококатница во Росток (1969–1977), дизајнирана од архитектите Ватерстрат, Баумбач и Росток колективен станбен градежен комбинат

Sase Ivanovski

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: За нас, говорат делата!

Sase Ivanovski

Недела поладне во Белград! Pan-Pot во кафетерија

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Каде што застана Груевски, продолжува Мицкоски

Sase Ivanovski
Вчитувам....